Емитер 206 - 7-8/2023.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во мојата воздухопловна моделарска кариера имам изградено многу модели со кит комплети, под контрола на наставник, Тоа беше дел во моделарскиот центар во Белград. Постарите моделари се сеќаваат на моделите Колибри, Кумулус, потоа Ф-1-А ,Чапља, модел качувач. Желбата беше со свој труд да дојдам до квалитетна РК едрилица способна за натпревари од републички и меѓународен ранг. Моделар од САД ми предложи да се обидам со градба на 2 метарска едрилица од типот Спирит. Но во Македонија не заживеа таа категорија, па следниот потег беше обид со подобриот модел од 2,5 м – Спирит 100. Сметав дека така ќе ја заменам веќе застарената полумакета РК едрилица ÀSW-17, со која инаку остварив супер резултат на Балканијадата во Турција.
Мојот другар од САД, моделарот Ѓорѓи Наум без двоумење ми испрати еден кит комплет Спирит 100 за кој сметаше дека одговара за добри резултати на натпревар во категорија Ф-3-Б и Ф-3-Ј. Внимателно го прочитав исцрпното упатство со текст, цртежи и фотографии на англиски јазик.
Едрилицата Спирит 100 е модел на едрилица за радио управување. Распонот на крила е 2530 mm, вкупна површина 615 dm², оптоварувањето на крилата е 24-30 грама на квадратен дециметар, тежината е 1420 – 1700 грама (во зависност дали е ставен дополнителен товар на местото определено за тоа), должината на трупот изнесува 1310 mm.
Кит комплетот се состои од 1, 5 mm балзови фурнири, обележени и со преса притиснати ребра за крилата и трупот. Една убава работа е тоа што постои избор, имаше материјал за почетнички модел и со рамен аеропрофил Selig 3010 и материјал за ребра на крила со аеропрофил за напредни моделари со аеропрофил Selig SD-7037. Секако, во комплетот имаше и хоризонтален и вертикален стабилизатор, и материјал за труп, комбинација од тенок тополов фурнир, балза и летвички за зајакнување на конструкцијата. Остана да набавам фолија за обвивка монокок 2 ролни, која подоцна исто така ја добив од другарот од САД, додека за лепење користев епоксидно лепило на ацетонска база.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.