Рубрика: Макетарство и моделарство
Градба на Ф3Ј едрилица "Викторија"
Автори: Перица Поповски, Гоце Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Согледувајки ја сè поголемата заинтересираност за радиоуправувани модели, индустријата направи еден огромен скок доближувајќи ги до сите возрасти. Се произведуваат како: РК комплет делови (RC kits) кои треба да се состават и да се изгради летачки модел, готови склопови кои треба само да се состават (ARF - Almost Ready to Fly), и комплет модели подготвени за летање, веднаш со вградени радиоуреди (Combo ARF). Но, вистинскиот предизвик е сопствена конструкција на РУ модел во која било категорија. Токму за една таква конструкција ќе стане збор во текстот што следува.

Искрено, морам да признаам дека при градбата на моделот "Викторија" ми помогна моето долгогодишно моделарско искуство, но и сознанијата кои ги добив како член на АК Скопје, особено од авиоинженерот Миле Михајлов, но и постарите моделари кои несебично ми помагаа во градењето на сложени конструкции. Секако, имав голема помош и од мојот ценет пријател Ѓорѓи Наум, кој ми испрати неколку кит-комплети, едрилици и моторни модели и ми даде одредени упатства за понатамошна работа.
Неверојатно е доживувањето кога со сопствен труд се конструира и се гради моделот кој потоа добро лета. Токму тој предизвик постојано ме поттикнуваше да направам сопствена конструкција за натпревар. Уште во Емитер број 7-8/05, 9/06 и 2/07, објавив написи за градба на модели на едрилици за јуниори и моторни модели за секоја возраст, како и нивно управување, особено за РУ едрилици.
Следен мој чекор беше градба на модел едрилица од категоријата РУ едрилици за Ф3Б, која со промена на крило лесно се приспособува во едрилица за натпревар во категорија Ф3Ј. Првиот обид го направив со градба на крило и аеропрофилот HQ.

Клучни зборови:

Старт на Ф3Б

Модел на старт

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.