Емитер 206 - 7-8/2023.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во заштитата на зградите од удар на гром како алтернатива на громобранот може да се искористи и моќен ласер. Оваа неверојатна идеја штотуку, за првпат, беше успешно спроведена во пракса.
Лето 2021 година. Бура се развива над масивот Алпштајн во источна Швајцарија. Орелиен Уард, од Техничката школа и неговите колеги од еден европски конзорциум, во метеоролошката станица Сентис (Säntis) – највисоката точка во регионот, се подготвуваат да материјализираат идеја достојна за научно-фантастичен роман: контролирање на молњата со испукување на ласер кон небото.
Колку и тоа да звучи неверојатно, оваа идеја не е нова. Уште во 1974 година Леонард Бол, од Американското оптичко друштво, за првпат добил идеја да предизвика молња и потоа да ја насочува со помош на ласер. Сепак, првите експериментални обиди во оваа насока, спроведени врз природна молња, се случија многу подоцна – во 2004 година, по цели триесетина години речиси безуспешни обиди.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.