Емитер 7-8/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Развојот на ласерската техника и појавата на моќните ласери условија проширување на примената на ласерот. Ако до пред две децении се зборуваше за ласерскиот скалпел како врвна примена на ласерот, денеска тоа се CNC-машините за прецизно сечење на метал со квалитет на рез близок до квалитетот на механички обработените рабови и роботите за заварување со ласерски сноп, кои се користат за спојување на многу одговорни споеви.
Сè започна со рубиновиот ласер, направен 1960 година од страна на физичарот Теодор Х. Мајман во Лабораторијата Ханглс во Калифорнија. Рубиновиот ласер е монокристал од синтетички рубин со форма на тенок цилиндар, во кој, со допирање, некои од Al3+јоните се заменети со Cr3+ јони во кристалната решетка. Токму овие хромни јони ја даваат карактеристичната розова или црвена боја на рубинот. Кристалот е обработен на двата краја, така што се добиени две план-паралелни површини. На вака фино обработените површини е нанесено сребро, со што се формира една огледална површина. Едното од огледалата е потполно нетранспарентно, 100% огледало кое се добива со дебела превлака од метал, додека другото огледало се реализира како 5% транспарентно, односно 95% огледало. Околу кристалот е обвиткана ксенонска гасна ламба.
За да се сфати механизамот на создавање на ласер, треба да се имаат елементарни познавања од атомска физика. Тука ќе бидат споменати само процесите кои учествуваат во создавањето на ласерот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.