Емитер 206 - 7-8/2023.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Научниците се обидуваат да ги откријат мистериите поврзанани со раѓањето, еволуцијата и моќта на црните дупки, едни од најмоќните но истовремено и најтешки објекти за детекција во Универзумот. Пред неполна година астрономите конечно успејаа да ги направат првите слики од супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија Млечен пат. Но, сепак не можевме директно да ја видиме оваа црна дупка. Тоа е затоа што таа е толку густо “спакувана”, што гравитацијата од нејзината маса ја спречува светлината да избега. Фотографијата на Стрелец А, како што е позната нашата централна галактичка црна дупка, всушност покажа блескав ореол на гасот околу овој објект, за кој сега знаеме дека е милион пати помасивен од нашето Сонце.
Најголемите Голијати лежат во центарот на речиси секоја галаксија. Речиси сите од нив се активни и со својата огромна гравитација вшмукуваат врел гас. Некои од овие црни дупки имаат маса до 10 милијарди пати поголема од масата на нашето Сонце.
Како црните дупки комуницираат со нивната непосредна околина и оддалечените делови од нивната галаксија е исклучително тешка загатка. Компјутерските модели се трудат да помогнат затоа што ова бара увид во релативно мали системи, но и огромни, измерени во светлосни години.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.