Истражувачите од Универзитетот во Келн и Универзитетот Масарик во Брно (Чешка) ја открија засега ‘најбрзата’ позната ѕвезда, која патува околу една црна дупка во рекордно време. Ѕвездата со ознака S4716, орбитира околу црната дупка сместена во центарот на Млечниот Пат, Стрелец А*, изминувајќи ја орбиталната патека за четири години и достигнувајќи брзина од околу 8000 km/s. S4716 се приближува на растојание од 100 астрономски единици (АЕ) до црната дупка, што е мошне мало растојание според астрономските стандарди. За потсетување 1 АЕ = 149 597 870 километри, односно средното растојание од Земјата до Сонцето.
Трудот којшто го претстави ова откритие беше објавен деновиве во научното списание со отворен пристап The Astrophysical Journal.
Во близина на црната дупка во центарот на нашата галаксија се наоѓа јато ѕвезди со густа поставеност. Ова јато, со знака кластер S, е дом на повеќе од сто ѕвезди што се разликуваат по нивните сјај и маса. Ѕвездите од јатото се движат особено брзо. Како што откриваат научниците една од ѕвездите, со ознака S2, го блокира погледот кон центарот на нашата галаксија. Меѓутоа, во кратки моменти тие сепак можат да ја набљудуваат околината на централната црна дупка во нашата галаксија.
Поглед кон К-појасот на галактичкиот центар набљудуван со помош на телескопот NIRC2 (Keck) во 2019 година. Оваа слика е високопропусна филтрирана и ја покажува позицијата на неколку S ѕвезди блиску до Sgr A*, којашто е означена со црн крст. Ѕвездата во белиот испрекинат круг покажува светлинска магнитуда во К-појасот од 16,3 mag, додека ѕвездата во синиот круг е со послаба магнитуда од 17,0 mag. Обете се конзистентни со пријавените вредности за S62 од Peißker et al. (2020a) и оние за S29 од Гилесен и сор. (2017) и Peißker et al. (2021b). Фото: The Astrophysical Journal (2022)
Благодарение на постојаното усовршување на методите на анализа, во комбинација со набљудувањата кои покриваат речиси дваесет години, научниците сега без сомнение ја идентификуваа ѕвездата што за само четири години го изминува патот околу централната супермасивна црна дупка. Имено, вкупно пет телескопи ја набљудуваа ѕвездата, при што податоците од четири од нив беа комбинирани со цел на создавање во еден голем (виртуелен) телескоп којшто на научниците им овозможи попрецизни и детални набљудувања. Ова било направено поради тоа што близината на супермасивната црна дупка и брзината на движење на ѕвездата се надвор од она што може да се набљудува со традиционалните телескопи.
Откритието нуди дава нови моменти врз потеклото и еволуцијата на орбитата на “брзите” ѕвезди во срцето на Млечниот Пат. Според научниците ѕвездите не можат толку лесно да се формираат во близина на црната дупка. S4716 веројатно се движела и сè уште се движи навнатре, можеби со приближување кон други ѕвезди и објекти во јатото S, што предизвикало значително намалување на пречникот на нејзината орбита.