Рубрика: Архитектура и градежништво
Техничко-економска анализа за енергетска санација на постоечка зграда
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


При изградба и реновирање на куќа или зграда неминовно се поставува прашањето: за кој временски период вложените финансиски средства во топлинската изолација ќе му се вратат на инвеститорот преку заштеда на трошоците за греење во зима и за ладење во лето?
Во овој напис ќе се обидеме, преку соодветни пресметки на една постоечка станбена зграда во Скопје, да дадеме одговор на горното прашање. Резултатите од оваа анализа не претставуваат универзална формула применлива за сите случаи бидејќи секоја зграда е индивидуален случај сам за себе и од степенот на енергетската санација зависи сумата на вложените финансиски средства и периодот на нивното враќање но, сепак, се добар показател за тоа што може да се очекува од ваква санација во енергетски и финансиски смисол.

Општопознато правило е дека во вкупните инвестиции при градба на некој објект (зграда) единствено финансиските средства вложени во компонентите на зградата кои придонесуваат за заштеда на енергија (топлинска изолација, прозорци со добри изолациски карактеристики, сончеви панели за добивање топла санитарна вода итн.) по одреден временски период му се враќаат на инвеститорот преку заштеди на енергијата за греење, ладење, вентилација. Периодот на враќање на вложените средства е во директна зависност од степенот на постигнатата изолација: повеќе средства вложени во подобра изолација имаат подолг рок на враќање, меѓутоа по истекот на овој период, во преостанатиот животен век на зградата, тие стануваат силен фактор во економијата и штедењето во корист на инвеститорот. Овој принцип не се однесува само при градба на нови објекти. Тој е евидентен и лесно се верифицира при реконструкција на стари, постоечки згради, чиј број е неспоредливо поголем од новите градби. Притоа постои едно правило: никогаш не е доцна да се интервенира во подобрување на енергетските карактеристики на некоја зграда. Примерот што ќе го презентираме во овој број на ЕМИТЕР ќе го потврди правилото.
Веќе неколку години се очекува усвојување на првиот македонски Правилник за енергетски карактеристики на зградите како подзаконски акт на Законот за енергетика. Правилникот мора да биде во согласност со законската регулатива на земјите од Европската унија каде што особено внимание е посветено на критериумите при санација на постоечките згради. Дотогаш можеме да ја поздравиме секоја иницијатива за реконструкција на некоја зграда со цел подобрување на нејзините енергетски карактеристики.
Во повеќе написи објавени во претходните броеви на ЕМИТЕР зборувавме дека покрај бенефитот удобен и, од хигиенска гледна точка, здрав престој во објектите независно од надворешните климатски услови, добрата топлинска изолација, меѓу другото, обезбедува и заштеда на енергија за греење и ладење, што се основни предуслови за енергетска ефикасност: рационално трошење на енергијата без намалување на комфорот за престој. Притоа неминовно се поставува прашањето: за кој временски период вложените финансиски средства во топлинската изолација ќе му се вратат на инвеститорот преку заштеда на трошоците за греење во зима и за ладење во лето?
Во овој напис ќе се обидеме, преку соодветни пресметки на една постоечка станбена зграда во Скопје, да дадеме одговор на горното прашање. Резултатите од оваа анализа не претставуваат универзална формула применлива за сите случаи бидејќи секоја зграда е индивидуален случај сам за себе и од степенот на енергетската санација зависи сумата на вложените финансиски средства и периодот на нивното враќање но, сепак, се добар показател за тоа што може да се очекува од ваква санација во енергетски и финансиски смисол.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.