Емитер 3/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Имунитет е способност на организмот да се брани од бактерии и вируси. Се прават голем број истражувања за да се пронајде начин за обновување и рестартирање на имунитетот, кога од разни причини имунолошкиот систем ќе падне. Прочитајте го текстот за да дознаете дека сето тоа функционира многу слично како и вашиот PC.
Како што е познато, главна задача на имунолошкиот систем е одбрана на организмот од бактерии и вируси. Во остварување на оваа задача заеднички дејствуваат голем број на различни крвни ќелии познати под заедничкото име леукоцити, како и некои регулациони супстанции, како што е факторот за раст, материи кои ги лачат овие ќелии. Леукоцитите, всушност, се различни типови на клетки во армијата на имунитетот. Секоја клетка има различна задача во битката: некои ги откриваат непријателите, некои ги ослабуваат со усовршени хемиски материи како оружја, некои ги уништуваат непријателите, а некои, пак, расчистуваат по битката. Така, со нивното заедничко дејствување се создава прва одбранбена линија која мошне тешко може да се пробие ако системот е во добра состојба. Но, како што старееме имунолошкиот систем е се послаб, а со тоа и одбраната, се разбира, пред сè, како резултат на намалениот број на леукоцити во целина или ако некоја група на клетки не ја врши задачата како што треба целиот систем е помалку ефективен или, поинаку кажано, системот паѓа.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.