Емитер 3/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Изборот е тешка работа било да станува збор за нешто безначајно и евтино било пак за нешто скапо и значајно. Тешко е да одлучите кои патики да ги набавите, а уште потешко да одберете професија. Решение на проблемот наречен избор е, пред да одлучите, добро да размислите и да се обидете да најдете одговор на сите прашања поврзани со она што е објект на вашиот избор. Притоа не одете во некоја безизлезна крајност бидејќи ништо нема да одберете и ќе се изгубите во лавиринтот на многубројни претпоставки и можности. Велат тоа им се случува на поинтелегентните луѓе, па затоа тие не поминуваат многу добро во реалниот живот?! Како и да е имајте го на ум следното: размислете добро, имајте ги предвид намената и финансиските можности, разгледајте ги сите прадности и недостатоци и одлучете за најдоброто! Така постапете и ако треба да набавите нова видеомиксета. Се надевам дека за да ја одберете најдобрата во тоа ќе ви помогне понудениов текст, во кој препораките за избор на најдоброто можат да ви помогнат во извесна мера и при одбирање и на друг тип опрема.
Каков видеосвичер (исто така познат и под називот видеомиксер) да набавите е мошне важно решение за секој видеопродуцент. Написов има цел да ви сврти внимание на што треба посебно да внимавате за да го набавите најдобриот според вашите можности и потреби бидејќи неспорно е дека на пазарот на видеоопрема постојат голем број модели од голем број производители. Се разбира дека првиот чекор во овој макотрпен процес се проспектите и каталозите, но пред конечната одлука слушнете ги искуствата на некои кои имале можност да ги користат и имајте директен контакт со уредот.
Можеби не е лошо за помладите читатели на ЕМИТЕР да кажеме најнапред што претставува овој уред. Видеомиксер е уред на кој се приклучуваат повеќе видеоизводи (камери, телекина, рикордери, слајд проектори, интернет и други локални мрежи) и тие се комбинираат и миксуваат директно или преку ефекти. На крајниот производ се аплицираат написи и графика, а така создадениот сигнал се праќа директно до гледачите преку предавателна мрежа или се снима, се едитира и дури потоа се емитува. Постојат и видео свичери во кои има и аудиодел преку кој се овозможува тонот да го следи создадениот видеосигнал.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.