Емитер 3/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Навикнати сме вестите за нови интегрирани кола да ни пристигаат од Силициумската долина во Калифорнија (САД) или евентуално од Велика Британија. Овој пат, една нова австриска фирма предизвика воздишки кај електроничарите!
Навистина, новото интегрирано коло AS5013 на Austria Microsystems произведено во Easy Point технологија е вистинско освежување и голема надеж за делумно префрлување на високата технологија во Средна Европа, поточно во Австрија, Чешка и Унгарија. Овој тренд е сè поприсутен во последните години и веќе дава видливи резултати. Се надевам дека во иднина сè повеќе новости од областа на електрониката ќе ни доаѓаат токму од овој регион.
Ова интегрирано коло е навистина иновативно и единствено на пазарот. Тоа е комплетно интегрирано решение на кое му требаат малку надворешни компоненти за да се изработи уред за посредување меѓу човекот и машината. Решението е базирано на детекција на насоката на движење со помош на сензори кои користат Холов ефект за магнетна детекција и во таа смисла ги следи современите трендови на потполна интеграција на елементите на детекција со останатите компоненти на интегрираното коло. Со тоа добиваме компактен и доверлив систем лесно применлив во многу апликации. Во кратки црти, тоа е комплетен систем во чип (SoC – System on Chip), концепт кој сè повеќе ќе го сретнуваме во иднина.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.