Емитер 4/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Навистина, зошто хибриден погон за автомобилите? Зошто да е сложено кога може да е едноставно? Автомобилите на хибридно електричен погон (HEV) се многу сложени конструкции – вистинско ремек-дело на современата техника, но причината за нивното појавување е едноставна: тоа е скорешното исцрпување на резервите на нафта во земјината утроба, потоа сè поголемата моторизација на населението и енормно високото загадување на животната средина, особено во градовите. Тие се вистински штедачи на течното гориво, без ни малку да се наруши комоцијата при нивното користење и перформансите, како и автономијата на движење (што не е случај, во овој момент, со чисто електричните автомобили). Исто така, тежиштето на загадувањето на животната средина (пред сè аерозагадувањето) е преместено надвор од урбаните центри. Зошто и како до HEV – прочитајте во текстот што следува.
Едно од вечните инженерски прашања е како да се изврши определена работа со што е можно помалку енергија. Ова прашање пресликано во светот на автомобилите го добива обликот: што треба да се направи за автомобилот да потроши што е можно помалку литри гориво на 100km под услов да нема нарушувања на комоцијата и неговите излезни перформанси. Многу сложено прашање за чие успешно решавање потребна е една сосема нова проектантска стратегија, ново размислување, нова филозофија. Во овој момент, единствен комерцијално успешен резултат на тие напори се HEV.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.