Рубрика: Автомобилска техника
Хибридни погони (3): Современи хибридни автомобили
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Нормално е кога ќе се забревтаат идеите и концептите од разни врвни производители на автомобили на тема хибриден погон дека добиваме еден широк спектар на конструкции на хибридни погони кои носат интересни епитети како микро, благи, делумни, потполни ... Тркалото на хибридниот погон неповратно е завртено, понудите во сериските модели се интересни и невообичаени и секако дека најинтересните ќе бидат презентирани овде. Ќе ги разгледаме и претставиме концептите на хибриден погон како сериска понуда на фирмите Ауди, ГМ, Лексус и Пежо.

Тојота Приус е полн и чистокрвен хибрид (за него говоревме во минатиот број на ЕМИТЕР). Современиве хибридни возила електромоторниот погон го третираат само како дополнителен импулс за силина кога таа е потребна, а со цел да се намали проектираната силина на моторот СВС при што конструкцијата (како целина) добива во економичност, елеганција и рационалност. Оттука називите микро, благи или делумни хибриди. Конструктивните решенија се навистина интересни и невообичаени. Оригинални идеи им се врткаат во главите на машинските конструктори за да го решат проблемот (за проектантите електроничари, мехатроничари и софтвераши и да не говориме: таму е делириум амбиент во урнебесни околности!). Електромоторот, кој во некои конструкции ги има и повеќе, може да биде поставен на самиот мотор СВС кај спојката, може да биде поставен во менувачот или одделно на предната или задната оска во диференцијалот или пред него итн. Па да почнеме со разгледувањето на сериските хибридни погони кај некои од попознатите автомобилски брендови.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.