Рубрика: Автомобилска техника
Хибридни погони (2): Првиот сериски HEV – Тојота Приус
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Јунакот на темата за хибридните автомобили е, без сомнение, Тојота Приус. Целиот овај текст ќе биде посветен токму на Тојота Приус. А има што да се искоментира и што да се каже. Ќе се насладуваме на нејзината вонвременска приказна од аспект на технологија и техника. Ќе ѕирнеме малку и под моторскиот капак за да видиме како актерите изгледаат во реален приказ. Ќе прокоментитам неколку карактеристични дијаграми и шеми со цел поблиско запознавање со овој автомобил. Тојота Приус добива специјален третман затоа што буквално сä во неговото постоење, вклучително и самите почетоци, се уникатни, храбри и бескомпромисни. Лавината што ја предизвика допрва ќе го тресе автомобилскиот пазар и веќе е започнато групирањето на силите на главните играчи во светот на автомобилите по прашањето на хибриден погон.

Зошто е значаен Тојота Приус? Затоа што го покажа патот по кој треба да оди автомобилската индустрија од аспект на погонот во ова време на светска енергетска криза и очекуван крај на резервите на фосилни горива, па нека биде тоа и некое преодно решение. Потоа извонредно значајно е што ја задвижи индустријата за производство на електромотори и електронската индустрија за управувачките и контролни единици за тие електромотори и воопшто погонскиот систем, и затоа што веќе се прават огромни напори за решавање на проблемите со складирање на електричната енергија во батерии (акумулатори) или ултракондензатори, т.е. наголемување на нивната севкупна ефикасност (поголема густина и што е можно побрз проток на енергијата во нив). При ова слободно може да се каже дека се вложува во иднината, т.е. дека иднината на автомобилскиот превоз најверојатно би припаднала на електромобилот. За електромобилот поопширно ќе пишуваме во неколку наредни броеви, а сега да ја проследиме приказната за Тојота Приус - неговиот развој и употребените технички решенија.

Клучни зборови:

Приказ на движењето на енергиите (механичка + електрична)

Реална изведба на погонот од Тојота Приус.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.