Емитер 4/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сите оние кои сакаат да прават реорганизација на партициите на тврдиот диск се среќаваат со проблем околу избор на соодветен софтвер. Acronis Disk Director Home 11 е моќен и лесен за работа софтвер чија намена е менаџирање на тврдите дискови и партициите. Со исклучитено богат асортиман на можности и операции кои ги нуди програмата, корисникот може да го организира својот тврд диск за да има оптимални перформанси. Acronis е компанија која долги години наназад го нуди својот производ на пазарот и успешно се одржува на самиот врв. Најновата верзија е софтвер кој со право може да се нарече моментално најдобриот избор.
Неколку едноставни опции за менаџирање на тврдиот диск, како што е вградената алатка на Microsoft наречена Disk Management Console. Со помош на оваа конзола можно е да се изведуваат едноставни операции како промена на големината на партицијата, нејзино маркирање како активна или креирање на партиција од неалоциран простор. Но, оваа алатка има ограничувања како неможност за спојување на партиции или креирање повеќе од 4 партиции, а да не споменувам дека нема можност за читање (не може воопшто да ги види) на партиции кои ги користи Linux оперативниот систем.
Acronis Disk Director Home 11 претставува софтвер кој оди чекор понатаму и кој нуди низа разни можности. Исто така содржи некои алатки кои веројатно нема да ги пронајдете во ниеден друг софтвер за оваа намена.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.