Рубрика: Аудио и видеотехника
Portable HD складирање на податоци
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Компаниите сè повеќе произведуваат камкордери со алтернативни медиуми и формати, без користење на лентата како медиум за складирање на снимените податоци, односно HD содржини. Оптичкиот диск, мемориските картички и конвенционалниот хард диск се опции кои се на располагање. Новите медиуми се помали по димензија, но со перформанси кои ги задоволуваат барањата на бродкастерите. Кој медиум е подобар? Кој формат за што е наменет?

Постојат повеќе медиуми, односно технологии за снимање и прикажување на информации кои претставуваат HD материјали, со големо и непосредно учество на корисникот, кои компаниите ги аплицираат на своите стари камкордери за да се преброди преодниот период или како дел од новите уреди кои работат исклучиво без лента. Во моментов на пазарот постојат камкордери кои можат да работат и со лента и без лента. Како и да е, времето на камери кои снимаат на лента сместена во касета е на заминување. Новите медиуми кои имаат тенденција во потполност да ги заменат лентите како медиум за складирање и од кои може подоцна да се читаат истите, било да се потребни за едитирање, за директно емитување во програма или за архивирање, се сè помали по димензиија, со подобри перформанси, а, се разбира, и цената им паѓа. Исто така, од ден на ден расте и data rate – брзината на пренос на дигитални податоци, односно количината на податоци šшто се пренесуваат низ системот за време од една секунда, кое најчесто се изразува во GB/s. Сето ова е резултат на развојот и усовршувањето на технологиите кои се користат за преносното складирање на HD материјали. Овие технологии се применливи кај камкордери, монтажни станици, но и кај лаптопи, дигитални аудио плеери, и други уреди. Делот на кој се снима или од кој се читаат податоци може да биде интегриран или издвоен. Но, да почнеме по ред.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.