Рубрика: Информатика
Тест: Verbatim NAS Hard Drive 1 TB
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Shared фолдерите во рамките на оперативниот систем главно се ограничени само на размена на податоци помеѓу корисниците. Но, не се погодни за независен пристап кон сите датотеки од секој компјутер во мрежата, како и нивно чување на едно место. Во тој поглед, NAS уредите играат огромна улога, давајќи ги сите овие погодности.

Два или повеќе сметачи во некоја фирма или домаќинство (вмрежени, нормално) одамна е нешто сосема вообичаено. Нормално, и потребата од централно складирање на податоци и пристап до нив од сите вмрежени компјутери се наметнува како нужност. Shared фолдерите во рамките на оперативниот систем главно се ограничени само на размена на податоци помеѓу корисниците. Меѓутоа, тука говориме не само за размена, туку и за независен пристап кон сите датотеки, како и нивно чување на едно место. Во тој поглед, NAS уредите играат огромна улога, давајќи ги сите овие погодности.
Константниот пад на цените ги приближи овие уреди до обичниот, домашен корисник, така што на нив веќе и не се гледа како на луксуз, туку на нужност. А расте и бројот на производители на ваков вид уреди. И Verbatim не остана настрана. Пред нас е нивното видување на еден мал домашен NAS уред со хард диск со капацитет од 1 TB.

Менито за нагодување е добро осмислено, но сепак посебните апликации би требало да бидат во посебна секција.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.