Рубрика: Информатика
Open Hardware – слободен хардверски свет
Автор: Александар Лазаров
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Отворениот хардвер, идеја која е стара колку и идејата за слободниот софтвер е работа која денеска зема сè поголем замав во полето на технологијата. Секој ден се појавуваат нови хардверски и електронски уреди и склопови кои целата своја филозофија ја темелат на отворениот и слободниот хардвер. Во продолжение ќе ставиме акцент на неколку примери за отворен хардвер, како и поврзаноста на отворениот хардвер со слободниот софтвер.

Отворен (или слободен) хардвер е харвер (физички објект) кој е дизајниран и створен на многу сличен начин како и кај слободниот софтвер. Исто како и кај слободниот софтвер, слободниот хардвер треба да ги има четирите слободи за тој да може да се нарече слободен или отворен. Четирите слободи претставуваат, слобода на користење на харверот на кој било посакан начин и за која било цел, да може да го студира харверот, значи да е достапна неговата електронска шема, да може да го споделува хардверот со други и да може да врши промени врз хардверот за подобрување на неговата работа или, пак, за извршување на некоја специфична цел и истите тие промени да може слободно да ги споделува со други. Сите горенапишани слободи треба да бидат наследни, тоа значи дека при споделување на хардверот, новиот корисник треба да ги добие истите четири основни слободи кои ги имал оној што го споделил хардверот.

Клучни зборови:

Отворена развојна платформа Ардуино.

Отвортениот хардвер на лабораториитена Баг е модуларен.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.