Рубрика: Информатика
Флешување на Nokia телефони со PHOENIX Service Software
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Флешување на мобилните телефони не е така едноставна операција, како што на пример, денес е сведена кај персоналните компјутери. Секако, во принцип се работи за слична операција, но ретко кој просечен корисник на мобилен телефон ќе се одлучи на ваков чекор. Јасно, за ова треба да се има добра причина и, секако, одредени вештини и познавања, бидејќи секоја грешка може да биде фатална за функционалноста на мобилниот телефон.

Тоа што на почеток му е потребно на сопственикот на мобилен телефон за оваа операција е, секако, основни познавања од работа со персонален компјутер, потоа USB кабел и, се разбира, добар софтвер кој ќе ја заврши работата. Во овој напис ќе се задржиме на фле-шување на Nokia мобилни телефони. Во кој случај е потребно да се изврши оваа операција?
• во ситуација кога треба да се “проработи” телефон кој не дава никакви функционални знаци на работа;
• во ситуација кога треба да се направи надградба на постоечкиот софтвер којшто е инсталиран на мобиниот телефон;
• во ситуација кога телефонот не функционира нормално, се кочи, односно некои функции не се достапни.
Како се изведува флешувањето прочитајте во текстот што следува.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.