Рубрика: Информатика
HP и LanDesk овозможуваат поголема вредност од компјутерите
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 30.03.2012 - 10:09

HP објави дека на своите бизнис клиенти започнува да им ги нуди решенијата на LANDesk management. Според нив овие решенија ќе им овозможат зголемена продуктивност на крајните корисници, но и услови за поедноставно да ги обезбедат и поврзат уредите во нивната околина.
Оваа соработка помеѓу HP и LANDesk Software, ќе им овозможи на сите бизнис клиенти на HP, да го користат LANDesk Management пакетот и да го намалат времето за инсталација и конфигурација на компјутерот од часови во минути.
Со елиминирање на потребата од директна инсталација преку IT одделот, решенијата на LANDesk management им помагаат на компаниите да ја зголемат ефикасноста и да ги намалат трошоците, а во исто време да ги решат и проблемите со: потрошувачка на енергија, управување со уредите и управувањето со BIOS-от и поединечните оперативни системи, подршка за известувања и алармирање за хардверски дефекти.
LANDesk апликациите од HP, им помагаат на корисниците да заштедат време и пари. Сега бизнис корисниците на HP можат да се потпрат на напредните алатки за оддалечено управување со хардверот од LANDesk software, и на тој начин да ги намалат директните локациски активности на IT одделот, кои што пред се одземаат време, но и трошат пари.
Автоматското превземање и оддалечената инсталација на последните најнови надградби од HP, им овозможуваат на корисниците едноставна инсталација и управување со драјверите и надградбите на фирмверот од HP за нивните десктоп или преносни компјутери.
Корисниците ќе можат да ја искористат и таканаречената "една-за-повеќе" конфигурациска опција за BIOS и фирмвер, со која можат за кратко време да направат промена на сите нагодувања на подржаните компјутери. Дополнително, проактивната алатка за контрола на "здравјето" на компјутерите ја следи состојбата и дава известување за потенцијалните хардверски проблеми кои можат да се случат во иднина.
Како дополнување на постоечките решенија од LANDesk Management пакетот, системот кој вклучува имплементација на полисите и алатки од HP- Professional Innovations секцијата: HP Power Assistant- алатка за управување со енергијата и HP Connection Manager –алатка која претставува платформа за поврзување, ќе биде достапен од Јуни. Поддршката на LANDesk за тенките клиенти од ХП ќе биде достапна од Октомври.
Повеќе информации за останатите услуги кои ќе бидат достапни во текот на годината може да се најадат на следниов линк http://h20331.www2.hp.com/hpsub/downloads/New_Client_Management_Offering...

Клучни зборови: