Google го поедноставува начинот на којшто корисниците на Drive прават резервна копија и ги синхронизираат своите датотеки. Компанијата ја претстави новата Drive апликација за декстоп компјутери со Mac и со Windows оперативни системи.
Drive за десктоп треба да ги замени апликациите Backup и Sync и Drive File Stream, кои во 2018 годија ја заменија Google Drive десктоп апликацијата, но и апликацијата Drive File Stream наменета за бизнис корисниците. Со оглед на тоа што Google Workspace му е сега достапна секому, нема многу логика за две различни методи на синхронизација на податоците. Според Google новата апликација ги комбинира најдобрите делови на Backup и Sync и Drive File Stream. Со новата апликација ќе може да поставувате и да синхронизирате фотографии и видеа на Google Photos, како и на Drive.
Постои можност за синхронизирање на надворешните уреди за складирање со облакот. Освен тоа, ќе може да ги имате огледален приказ од датотеките од Drive на вашиот компјутерот со локално зачувани верзии на датотеките за побрз пристап до нив. Но тоа не е сè! :) Ќе може да ги синхронизирате локалните папки, како што се,на пример, Deskto папката или и која и да е папка со ваши документи. Покрај ова постои и интеграција со роковниците на Microsoft Outlook и Meet, а ќе имате и увид во тоа кој ги уредува Microsoft Office датотеките во реално време.
Корисниците на Drive File Stream не мора многу да направат за да ги имаат сиве овие придобивки . Google веќе ја преименува апликацијата во Drive for desktop, а функциите за резервна копија и синхронизација ќе станат достапни во наредните месеци. Она што ќе мора да го направите е да го послушате предупредувањето на Google, кој ќе побара од корисниците на апликациите Backup и Sync да се префрлат на Drive for desktop најдоцна до 1 октомври.