Емитер 4/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Науката перманентно ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви "неверојатни" научни вистини. На ред се нови пет неверојатни научни вистини.
Сигурно не знаете дека животот на Земјата се должи на една еколошка катастрофа, дека свеста за смртта не е особина само на човекот; дека растенијата можат да комуницираат помеѓу себе, дека јагленот ќе биде главен енергетски извор и во XXI век и дека протокот на добра помеѓу градовите го следи законот за гравитација. Како е сево ова можно дознајте од следниов напис.
Растенијата можат да комуницираат помеѓу себе
Долго време биолозите верувале дека растенијата немаат никаква способност да комуницираат помеѓу себе. Но, во 1980 год. тие откриле дека растенијата се способни да ги предупредат нивните истородници за некоја претстоечка опасност! Ова го обелоденил природонаучникот Давид Родес (David Rhoades) во неговата студија "Теорија за дрвјата кои зборуваат". Во студијата е покажан пример кој се однесува на случка со еден јавор. Имено, кога јаворот е загрозен од некои билкојадци, тој прибегнува кон една одбранбена стратегија: прогресивно ја зголемува продукцијата на танин, кој се таложи во неговите лисја и ги прави токсични. Но, проблемот е што таа реакција е временски долготрајна, па "напаѓачот" има доволно време да ги изеде сите негови лисја. Но, овој род растенија применува и друга стратегија базирана на "комуникација" со своите истородници: тој ослободува етилен, кој ширејќи се кон неговите соседи, дејствува стимулативно на нив потикнувајќи ги благовремено да започнат со продукција на танин! Слично "комуницираат" и многу други растенија, на пример, багремот, јабланот, тутунот... Меѓутоа, научниците немаат одговор на прашањето кои се физиолошките механизми на оваа "размена на информации" помеѓу растенијата, па тие само нагаѓаат дали евентуално жилите на растенијата се тие кои можат да пренесуваат такви известувања. Како и да е, факт е дека вегетаријанскиот свет нѝ откри ново лице, па предизвикот треба да се следи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.