Рубрика: Омнибус
Неверојатни научни вистини (9)
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Науката перманентно ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви "неверојатни" научни вистини. На ред се нови шест неверојатни научни вистини: Човековото тело содржи повеќе бактерии отколку клетки!; Нанотехнологијата е стара повеќе столетија?; Некои животни го менуваат полот за време на животот; Има жени со XX и мажи со XY хромозомски пар?; За да се сетиш, треба најнапред да заборавиш и Сонот му претходи на спиењето.

Човековото тело содржи повеќе бактерии отколку клетки!
90% од нашето тело го сочинуваат бактерии!?? Телото на еден возрасен човек поседува околу 75 000 милијарди клетки, но и десетпати повеќе бактерии! Оваа пропорција е помалку изразена кај децата, бидејќи разновидноста и бројот на бактериите расте како што телото старее, преку контакт со околината, преку исхраната итн. Со тек на времето повеќе илјади видови бактерии малку по малку се приспособуваат на средината и воспоставуваат цели екосистеми без кои не може да се замисли варењето на храната, имунитетот или развојот на цревата. Некои научници одат дури дотаму што ги сметаат како одделен орган. Најголем дел од бактериите се сместени во дигестивниот тракт, но тие се наоѓаат и на други делови од телото кои се отворени кон надворешноста, како што се очите, кожата, носот, вагината....

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.