Рубрика: Астрономија и астронаутика
Загатката за Сончевата корона е решена?
Автор: Тања Петрушевска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Една од најтрајните мистерии во физиката на Сонцето е зошто надворешниот дел од атмосферата на Сонцето, наречен корона, е милиони степени потопол од неговата површина? Сега научниците веруваат дека го откриле главниот извор на врел гас кој ја стоплува короната: млазови од плазма што се извиваат над површината на Сонцето.

Откритието се однесува на едно од основните прашања во астрофизиката: колку енергија се преселува од внатрешноста на Сонцето во неговата топла надворешна атмосфера. Со идентификување на овие млазови од плазма што ја загреваат надворешната атмосфера на Сонцето може да се добие многу поголемо разбирање за тој регион, а можеби и да се подобри нашето знаење на суптилното влијание на Сончевата корона врз Земјата.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.