Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сјајните јадра на темниот облак;
Тестер за лесна и евтина проверка дали некој користи дрога;
Космодромот Америка климатска закана?;
Ласерски удар на галактичкиот центар;
Како прска меурот од сапуница?;
Голем успех на македонските иноватори;
Добредојде Libre Office;
Спас од пластиката – откриени микроорганизми кои се хранат со неа;
Нови транзистори од графен за аналогни апликации;
Маглината розета;
Вертикални градини;
Под површината на месечината,
Сепак има вода;
SUAM – уред за луѓе со оштетен вид;
Тезата дека студениот период се должи на удар од комета повторно на тест;
Дигитален фотоапарат
Fuji FinePix x100;
Нова плочка од серијата Ардуино;
Осаменоста е опасна

Голем успех на македонските иноватори
Македонските иноватори уште еднаш ги докажаа своите квалитети – освоија еден златен и еден сребрен медал на Меѓународната изложба на идеи, пронајдоци и нови производи IENA 2010 во Нирнберг, Германија. Традиционално, македонскиот Државен завод за заштита на индустриска сопственост секоја година избира по пет најдобри пријавени патенти од македонските иноватори и ги претставува на некоја голема, светски призната изложба на патенти. До пред неколку години, најдобрите македонски патенти редовно беа изложувани на Светскиот саем на пронајдоци ЕУРЕКА во Брисел, додека последниве години тоа се прави на IENA во Нирнберг.
Владимир Филевски (добро познат на читателите на ЕМИТЕР) за својот пронајдок "Засилувач за 50/60 Hz" доби Златен медал IENA 2010 и златен медал со диплома од Руската асоцијација за меѓународна научна и техничка соработка.
Димитар Рибески за пронајдокот "Дренажна преграда" доби Сребрен медал IENA 2010 и специјална награда од Институтот на пронаоѓачи и истражувачи на Исламската Република Иран.
Андреј Тасев за пронајдокот "Еднонасочен хидрауличен телескопски амортизер" доби златен пехар и диплома од Министерството за образование, истражување, млади и спорт на Романија; Звонко Кузмановски за пронајдокот "Двотактен дизел-мотор со продолжена експанзија" доби пехар со диплома од Турскиот патентен завод; додека Кочо Мојсов за пронадокот "Држач за запалки" доби сребрен медал со диплома од Здружението на пронаоѓачи на Полска.
Државниот завод за заштита на индустриска сопственост одлично го изврши претставувањето на македонските пронајдоци во Нирнберг, преку претходно изработена 3D видео анимација (за секој пронајдок посебно) која непрекинато се вртеше на македонскиот штанд, како и со испечатени информативни летоци.
Невенка Стојановска

Нови транзистори од графен за аналогни апликации
Транзисторите од постсилициумската ера направени од графен – листови од чист јаглен пишуваат ново поглавје во електрониката и тоа не само во дигиталната техника туку, исто така, и во аналогните апликации. Истражувачите од Рајс универзитетот во Тексас покажаа дека еден ист транзистор од графен може да дејствува како транзистор од P-тип, транзистор од N-тип или да работи на сосема нов начин - како транзистор со двата поларитета истовремено. Затоа тие се нарекуваат амбиполарни за разлика од биполарните и униполарните транзистори.
Имено, транзисторите со ефект на поле (ФЕТ) се наречени униполарни бидејќи употребуваат само еден носител – електрони или шуплини зависно од тоа дали се од N или P-тип. Додека транзисторите од графен се нарекуваат амбиполарни бидејќи можат да спроведуваат и електрони и шуплини зависно од тоа дали применетиот напон е позитивен или негативен. Како последица на оваа појава новите аналогни електронски кола би можеле да ги засилуваат и двата типа на носители зависно од тоа дали влезниот сигнал е над или под напонското ниво на прагот на гејтот (gate) на транзисторот.
Научниците од Рајс универзитетот, исто така, демонстрираа како овие транзистори работат на сите три начини. За да ја докажат едноставноста на новите електронски кола со транзистори од графен,тие изработија кола со заеднички сорс (sourse), дрејн (drain) и коло во комбиниран мод кој дозволува едноставно фазно поместување, множење на фреквенции, фазна и фреквентна модулација.
Со ова конечно се докажа дека појавата на полуспроводници од графен од корен ќе ја промени концепцијата на проектирањето на електронски кола што за електроничарите значи ново поглавје, чија содржина треба допрва да ја совладаат. Но, како и сите останати кои го дефинираат прогресот на човештвото, за електроничарите тоа претставува предизвик кои не сакаат да го пропуштат.
Емилијан Иљоски

"Засилувачот за 50/60 Hz" на Владимир Филевски кој доби Златен медал IENA 2010

Структура на спроводник во лист од графен

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.