Емитер 10/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Електронски тестер за притисок; Спирално струење околу галаксијата NGC 5907; Пајаците ја штимаат својата мрежа како жичен инструмент; Лилјаците користат поларизирана светлина како ноќен компас; Ретро електроника; Најнова потврда на ајнштајновата теорија за релативитетот; Внимавајте кога ги миете забите; Сондата Rosetta ќе истовари научна апаратура на комета; Грамофон Thorens TD 309; Хибриден погон за камиони; Слоновите ги разликуваат луѓето според јазикот и полот; Новиот "Karl Opel"; Индиска вселенска сонда орбитира околу Марс; Безжичен пренос на енергија со 70% поголем степен на полезно дејство ! Новиот мотор на Опел; RØDE NT1 – одличен музички микрофон
Пајаците ја штимаат својата мрежа како жичен инструмент
Досега се мислело дека пајаковата мрежа е место каде што пајакот фаќа муви и си живее. Сега меѓутоа, се дознава дека тој со својата мрежа прави нешто непознато досега: тој ја штима (нагодува) својата мрежа како што музичарот го штима својот инструмент! Во Англија постои истражувачки тим составен од научници под името Оксфордска група за свила (Oxford Silk Group), која ја проучува свилата добиена од животни (свилена буба и од други) и меѓу другото, ги проучува и пајаците и нивното “производство”.
Пајаковата свила, според истражувачите се развивала во текот на 350 милиони години (!?) и човекот никогаш не успеал вештачки да ја создаде. Бет Мортимер (Beth Mortimer) од Универзитетот во Оксфорд, со својот тим утврдила дека свилените нишки на пајаковата мрежа вибрираат како музички инструмент. Дебелината, затегнатоста и должината на нитките одредува каков ќе биде тонот кај музичкиот инструмент. Се утврдило дека пајаците со помош на сензорите што ги имаат на своите нозе, можат да одредат разлика помеѓу различни вибрации или звуци што патуваат горе-долу по свилената мрежа. При истражувањето, тимот утврдил дека со затегнување или отпуштање на одделни свилени нишки, пајакот може фино да го регулира начинот на кој мрежата ќе вибрира, многу слично како што се штима музички инструмент.
Мортимер и нејзиниот тим, користејќи ласери, набљудувале како пајаците ги штимаат своите мрежи, и тоа го објавиле во списанието “Material Views”. Кога инсектот ќе се фати во мрежата, таа почнува да вибрира. Пајакот преку сензорите на нозете добива информации и дознава каде, на која локација е инсектот. Тимот заклучил дека мрежата мора добро да биде нагодена за да може да даде точни информации. Се случува пајакот дополнително да ги затега жиците за да добие и повеќе информаци. Тој со своите суперосетливи сензори го бележи ехото што доаѓа до нив и така точно ја наоѓа локацијата на жртвата.
Пајаците понекогаш добиваат посетители во својата мрежа кои не се плен, туку потенцијални партнери. Мортимер препоставува дека нив пајакот ги препознава, но сè уште не знае како. И уште нешто: тимот открил дека пајаците реагираат на музика и на смеење, се превртуваат и се тресат, но дали тоа ги плаши или им годи, не е утврдено. За препознавање на партнерот и за ова другото, во некој друг напис – кога ќе биде откриено.
Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.