Емитер 10/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
За квалитетот на сликата за каква било намена (фотографирање, телевизија, медицина, физика, археологија, астрономија и друго) битни се повеќе фактори, и тоа: квалитетот на оптиката, осветлувањето, квалитетот на камерата, процесирањето, дополнителната обработка, квалитетот на медиумот за запис, квалитетот на уредот што ја предава и ја прима создадената слика или видеосигнал и друго. Големо значење има и инвентивноста и искуството на тој што ракува со сето тоа. Цел на овој напис е да се запознаете со еден од најважните делови во секој ваков систем, со сликовниот сензор (image sensor), и со неговата улога во квалитетот на видеото.
Секој кога создава видеопроект, било да е тоа интервју, репортажа или фотографија, било да е аматер или режисер и продуцент на некој поголем проект, сака добиениот производ (видеозаписот) да биде што поквалитетен, односно да добие што повеќе во однос на вложеното во камерата со која снима. Истото важи и кога се снима за утврдување на некои факти, како што е дијагностицирање во медицината и во разни гранки на науката или во истражувачки цели. Но за да биде тоа така, мора да се вратиме чекор поназад, уште при набав-ката на камерата или апаратот, бидејќи важни се цената, брендот и дизајнот, но најбитен е квалитетот добиен во однос на потрошениот буџет. Од овие причини, треба да се знае што с# влијае на квалитетот на еден видеопроизвод. Сите што се занимаваат со оваа проблематика велат дека многу е важно да се поседува добра, квалитетна камера во која има вграден добар сликовен сензор, кој на македонски е преведен како фотоматрица, или сликосетилник!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.