Емитер 9-10/2016.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
При одржување трки со автомобили, честопати, мора брзо да се подигне возилото поради замена на пневматиците поради нивната истрошеност или поради несоодветни на променетите услови на пистата (дожд, влага, сонце и сл.) или, поради некаква интервенција. Притоа, како сериозен проблем се поставува брзото и сигурно подигање на возилото. Да се обидеме, користејќи ја во целост досега научената методска постапка, да конципираме технички производ врз основа на забележаниот проблем.
Дигалката треба да има носивост од 10 kN , треба да е колку што е можно поедноставна по конструкција (минимум составни делови) и едноставна за ракување. Треба да е така конструирана, практично да не може да се расипе додека се применува. Висината на подига-њето на возилото од подлогата – 150 mm. Времето на подигање – 1s. Во работа, дигалката треба да е независна од стационарните инсталации во боксот (електрична енергија, компримиран воздух итн.) и да може да се користи на произволна оддалеченост од него – на произволно тврда или мека подлога (бетон, асфалт, песок, земја, трева). Приодот со дигалката е однапред (или одназад) на возилото, а со неа се подига една цела “оска”. Подигнатото возило мора да лежи стабилно на дигалката и не смее да падне од неа за време на интервен-цијата. Димензиите на дигалката не се строго определени, но таа треба да е колку што е можно помала и полесна заради лесно транспортирање или пренесување со секаков вид транспортни средства (со разни возила, хеликоптер, но и со рачно пренесување), при примената да не ја загадува околината и да не предизвикува преголем замор кај персоналот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.