Рубрика: Металство и машинство
SKF ласерски виброметар
Автор: Томе Скендеровски
Објавено на 08.05.2014 - 13:39

Вибрациите се значаен параметар при оценувањето на состојбата на машината. Зголемените вибрации значат почеток на појавување на некоја неправилност. Придружен непожелен ефект на зголемените вибрации е зголемената бучност, а таа пак е со закон регулирана затоа што, во својата суштина претставува загадување на околинатаe SKF го понуди на пазарот инструментот MSL-7000 кој со помош на ласер (бесконтактно) ги мери вибрациите на деловите кои се од интерес кај машината. Се работи за дигитален мерач на вибрации, кој на техничарите им нуди напреден, флексибилен и робустен алат за мерење на вибрациите.
Со овој инструмент можат прецизно да се измерат вибрациите кај вентилаторите, електромоторите, пумпите и кај апаратите за домаќинството, при што добиваме јасна слика за големината и причината за нивната бучава при работењето и доколку е потребно таа да се намали, го имаме причинителот за нејзината наголемена вредност. Може да мери вибрации почнувајќи од 0,2 Hz (спороодни машини) па сè до 22 kHz. Исто така, многу е значајно што може да се мерат вибрациите на многу загреани делови, како и преку стакло. Секако, овозможено е мобилно следење на состојбата благодарение на засега единствената можност за бесконтактно мерење на вибрациите. Тешко достапните места воопшто не се причина која може да влијае на процесот на мерење. MLS-7000 не е подложен на абење, што е показател дека се работи за извонредно траен апарат кој претставува добра и исплатлива инвестиција.
Во понудата е и пакетот MSL 7000C, кој се комбинира со преносните компјутери опремени со SKF FPM софтвер и мобилна картичка за прибирање и обработка на податоците. За повеќе информации можете да видите на skf.com/lasersensor

Клучни зборови: