Рубрика: Автомобилска техника
Резервни делови – лесен избор или кошмар?
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Бескрајна е за дебатирање темата за и околу резервните делови за нашиот автомобил. Разликата во цената може да е понекогаш и многукратна, па човек со право се прашува за оправданоста од толку високата цена. Дали ова шаренило на цени има смисла, дали се оправдани високите цени на некои делови, што е тоа оригинален резервен дел, како и одговорите на многу други прашања ќе бидат споделени со вас, драги читатели, во текстот во продолжение.

Добро е секогаш да имаме некои основни познавања за резервните делови за автомобилите за да можеме да се снајдеме и полесно да донесеме одлука затоа кој резервен дел да го купиме за нашето возило од богатата понуда и разновидноста на цените за еден ист дел. Потоа, оваа тема е толку широка и лесно податлива за експлоатација, дури и за секој лаик, со што дополнително состојбата се комплицира и уште повеќе просечниот возач се оддалечува од донесување на правилната одлука за избор на резервниот дел (под избор на резервен дел се подразбира дали да се купи поскапиот и, веројатно, поквалитетниот или да се купи значително поевтиниот дел). Најефикасен начин да се стави некој ред во оваа проблематика е да се опишат и да се дефинираат “видовите” на резевни делови.

Клучни зборови:

Типичен пример на заменски (неоригинален) дел со скромно пакување и надворешен изглед.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.