Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пробиотици што спречуваат дебелеење; Голема прослава на Празникот на музиката со Алфа аудио; Во иднина пораките ќе се пишуваат во воздух; SKF лежишта за VW E-UP; Батерии со дебелина на хартија; Новиот VW Голф GTE; Мегаломанскиот план на Google; Новата генерација електрични рачни алати на Бош; Студентска формула од Мостар; Првите вонземјани ќе бидат роботи; Е-мобилност против аерозагадувањето; Microsoft развива Office пакет за андорид таблети; Автоматизиран пребарувач на нови соединиенија; LED-светилка Adorama Flashpoint 500; Хибриден погон за авионите; Првиот македонски High-End звучник; Елемент 117 – индиректно потврден; Vanhawks Valour – паметен велосипед на иднината; Јули – жежок месец за средношколските олимпијци; Супереластични батерии за напојување на електрична облека;

Супереластични батерии за напојување на електрична облека

Група кинески научници неодамна претставија литиум-јонски батерии коишто можат да се истегнат до 600%. Ваквите батерии во облик на конец ќе можат да се вткаат во платната за да ги задоволат потребите за уредите за облекување.

Хјушенг Пенг и неговите колеги од Универзитетот Фудан ги создадоа супереластичните батерии со усукување на две јаглеродни наноцевки од литиумоксидна композитна преѓа, коишто послужиле како позитивни и негативни електроди. Притоа катодата била направена со положување на честички од литиум манганат (LMO) на подлога од јаглеродна наноцевка (ЈН), додека за анодата била направена со поставување на лист од јаглеродна наноцевка помеѓу два други ЈН листа обложени со силициум. Вака усуканите наноцевки од коишто секоја е со дебелина од околу 1mm, ги поставиле врз еластомерна подлога, а сево ова го прекриле со слој од електролитски гел.

Добиената стабилна електрохемиска карактеристика при истегнување на батериите се должи на усуканата структура на влакнестите електроди и растегливоста на подлогата и електролитскиот гел, при што гелот делува и како зацврстување. При тегнење на батериите, пружинестата структура на двете електроди била задржана.

Досегашните растегливи батерии најчесто беа со планарен формат, што претставуваше пречка при развојот на мали, лесни, електронски кола за облекување. Инаку, новите батерии покажале специфична капацитивност од 91,3 mAh/g, и овие карактеристики останале 88% исти, дури и по растегнување на батериите од 600%.

Откритието беше објавено во научното списание Nanoletters.

Невенка Стојановска

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.