Рубрика: Астрономија и астронаутика
Неутроните, клуч за разрешување на природата на темната материја и темната енергија?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Темната материја и темната енергија се најголеми мистерии во космологијата, чијашто природа научниците досега не успеале да ја објаснат. Имено, честичките-носители на темната материја не се идентификувани, а потеклото на темната енергија е непознато, и покрај досегашните обемни истражувања. Дали се во прашање несоодветни методи во истражувањата? Сметајќи дека клучот за објаснување на природата на тие мистерии е кај честичките неутрони, во најново време една група истражувачи се потпреле на нова метода во истрагата по мистериите.

Материјалните честички досега познати во универзумот, сите заедно пополнуваат само 5% од вкупното количество маса-енергија (според Ајнштајновата равенка на векот E0 = m • c2, енергијата е еквивалент на масата). Останатиот дел, вкупно 95% маса-енергија, го пополнуваат двете најголеми мистерии во космологијата: темната материја и темната енергија. Но, природата на наведените две главни компоненти остана тајна за научниците-космолози, и покрај интензивното трагање по нивните носители, па кај научниците се појави сомнеж во соодветноста на употребените методи во истражувањето, и тие започнале да размислуваат за примена на нови методи во натамошните истражувања. Така, во најново време една истражувачка група започна потрага по носителите на тие мистерии со наполно нова метода, барајќи го “клучот” за нивно разрешување во елементарните честички, неутроните. Досега повеќепати, пишувавме за наведените две мистерии (види во текстот во рамка), па овде нема да се повторуваме, туку ќе се насочиме кон најновите сознанија во врска со тие мистерии и кон опис на експериментот, реализиран според најнова метода за разјаснување на нивната природа.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.