Емитер 2/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Според стандардниот модел на универзумот, таинствената темна материја партиципира со речиси 80% во вкупната материја во космосот. Веќе три децении истражувачите се обидуваат да детектираат честички од неа, за да откријат од што е составена таа, но, досега без успех. Дали потрагата влезе во ќор-сокак?!
Постоењето на темната материја е навестено уште во 1933 год., врз основа на дефицит на гравитација од видливата материја, која (гравитацијата) ги држи во заедница галактичките јата. Подоцна, во 1970 год., овој дефицит на гравитацијата од видливата материјата е утврден не само кај галактичките јата, туку и кај индивидуалните галаксии. По обемните дебатирања, научниците заклучиле дека освен видливата материја, постои уште некој нов вид невидлива материја, која ги држи во заедница галаксиите и нивните јата, па ја нарекле "темна материја" (dark matter). Иако таа е невидлива, научниците сепак се во состојба неа да ја мапираат врз основа на нејзиниот гравитациски ефект, т.н. "гравитациска леќа", всушност искривување на светлинските зраци кои доаѓаат од подалечните галаксии, лоцирани зад "гравитациската леќа" (ЕМИТЕР бр. 9/12: "Гравитациски леќи"). Гледаме дека постоењето на темната материја се потпира на цврсти нозе, но, сè уште не се откриени честички кои нејзе ја сочинуваат, и покрај три децении постојана потрага по нив, па, прашањето од што е составена таа таинствена невидлива материја, сè уште е без одговор!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.