Рубрика: Астрономија и астронаутика
Обиди да се објасни најголемата мистерија на универзумот
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2020.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Најголемата мистерија на универзумот којашто со децении ги мачи научниците, за која до денес тие немаат одговор, е поврзана со самото негово постоење; а се однесува на прашањето зошто во универзумот доминира материјата во однос на антиматеријата.

Сето она што ние го гледаме во уни­верзумот – галаксиите, ѕвездите, пла­нетите, црните дупки и сето друго, е составено исклучиво од материја, без антиматерија. Но, да се потсетиме, спо­ред актуелниот модел на универзумот, тој потекнува од ситна микро-честичка со речиси бесконечно голема енергија, којашто во даден момент преку т.н. “Биг Бенг” и космичката инфлација веднаш по него, се трансфорирала од енергија во материја, согласно со Ајнштајновата равенка за еквивалент на енергијата со материјата,

E = m · c2.

Но, проблемот е во тоа што според законите на физиката, секоја таква трансформација креира апсолутно еднакви количества на ма­терија и антиматерија, коишто имаат апсолутно еднакви, но спротивни елек­трични полнежи, така што тие меѓусебе се поништуваат штом дојдат во меѓу­себен контакт, па зад нив останува само празен простор и енергија. Но, тоа не се случило со универзумот, очигледно дека некој фак­тор го променил текот на нас­таните фаворизирајќи ја материјата над анти­ма­теријата, но, кој бил тој фактор?

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.