Емитер 6-7/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Климатската историја на Земјата, почнувајќи некаде пред околу 80 милиони год. па наваму, научниците ја утврдиле со голема прецизност. Општа констатација е дека за време на овој, 80 милиони год. долг период на Земјата се случила голема глобална промена на климата, од многу топла на почетокот, кон сè постудена, стабилизирајќи се конечно на ниво од пред т.н. “индустриски период”. Промената била предизвикана од природни фактори, меѓутоа, дали натамошниот климатски тренд, под влијание на факторот “човек”, оди кон втора глобална промена на климата, но, овојпат во обратна насока: кон враќање на првобитно постоечката многу топла клима?!
Климатската историја на Земјата е од посебен интерес за геолозите, па тие постојано неа ја проучуваат веќе неколку стотини години. Меѓутоа, реалните сознанија за климатската историја стасаа во последните 4 декади, од кога климатолозите во истражувањата започнале да применуваат метода на дупчење на дното на океаните и вадење примероци од седименти со различна старост наталожени на океанското дно. Потоа тие беа хемиски анализирани од страна на десетина илјади научници, во стотина различни лаборатории. Преку хемиска анализа на структурата на карбо-натните обвивки на протозоите конзервирани во седименти со различна старост, научниците го утврдуваат односот на изотопите O16/O18 и C12/C13, врз основа на што, тие можеле точно да ги препознаат климатските промени на Земјата во минатото.
Изгледот на географијата на Земјата во време од пред околу 80 милиони години
Првичното што тие го откриле, се перманентни наизменични циклусни промени на ледени и на топли климатски периоди, кои се сменувале со константна временска периода. Причините за овие наизменични промени “топло-ладно” ги објаснува т.н. “Миланковиќев модел” со астрономски фактори: циклусна промена во наведнатоста на оската на ротација на Земјата и циклусна промена на обликот на нејзината орбита околу Сонцето (види во ЕМИТЕР 5/05: “Астрономски фактори во циклусните климатски промени на Земјата”).
Компјутерска симулација на влијанието на нивото на CO2 врз површината на мразот на Антарктикот |
Голема помош за истражувачите беше откритието на климатолозите на Унивезитетот во Берн, Швајцарија, кога тие откриле поврзаност на фреквенцијата на промената на ледените и топлите периоди со фреквенцијата на промена на количеството јагленороден двооксид (CO2) во атмосферата на Земјата, според правилото: помалку CO2 – постудена клима, и повеќе CO2 – потопла клима. Ова сознание им овозможи на климатолозите точно да ја реконструи-раат климатската историја од минатото преку процентот на CO2, содржан во воздушните меурчиња заробени во наслагите со различна старост, во вечниот мраз на Антарктикот. Така користејќи ги двете наведени методи, дупчење на океанско дно, плус анализа на наслагите од мраз на Антарктикот, научниците ја реконструирале климатската историја на Земјата од пред 80 милиони год., наваму.
Истражувањата покажале дека климата имала тренд на перманентно заладување (пад на температурата), поминувајќи притоа низ 3 различни временски периоди: период на “стаклена градина” (greenhouse world), па период на транзиција (transition world) и на крај период на “студен свет” (Ice world). Ќе ги проследиме поединечно тие временски периоди, а ќе се осврнеме и на предвидувањата на научниците за следните 300 години.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.