Рубрика: Аеронаутика
Едрилица за основна обука “Цеглинг”
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од вистинските почетоци на воздухопловното едриличарство на германскиот ентузијаст Ото Лилиентал во 1890 година, па до денес, направени се безброј безмоторни воздухоплови, односно воздухопловни едрилици. Постигнати се рекорди во висина, брзина, прелетано растојание, изработени од разни материјали, дрво, метал (дуралуминиум), карбон, кевлар, епоксидни материјали. Но сепак, една едрилица направила вистински пресврт во основната обука на нови пилоти-едриличари, а тоа е едрилицата “Цеглинг”, повторно од германски инженер. Токму во тој контекст ќе биде моето пишување за оваа мала, лесна и нежна едрилица, којашто има огромна заслуга за обука на безброј пилоти-едриличари во целиот свет.

Цеглинг (Германски CÖGLING) конструиран е со цел за вршење основна обука и омасовување на воздухопловно-едриличарскиот спорт, но и за создавање воздухопловни кадри во Германија. Имено, по завршувањето на Првата светска војна, и самиот Геринг бил изненаден за добиената наредба сите моторни воздухоплови да бидат предадени на победничките сили. Тоа значело и престанок на унапредување и производство на моторни авиони, особено за воени цели. Во една таква состојба многу конструктори на воздухоплови биле ангажирани за конструкција на едрилица за основна обука. Александар Липиш (Aleksander Lipisch) ја конструирал првата верзија на едноставната и лесна воздухопловна едрилица (лизгач) “Цеглинг”. Инаку, конструкторот Липиш е познат по многу понапредни воздухопловни едрилици, но најмногу е познат по конструкцијата на “Месершмит Ме 163” (Messerschmitt Me 163 Komet). Првата верзија на “Цеглинг” полетала во 1926 година, а подобрена верзија “Цеглинг 33”, е конструирана во 1933 година, додека Цеглинг 35 е конструирана во 1935 година и 1938 година. И првата и подобрените верзии биле конструирани од лесен материјал, комбинација од дрво и метал и биле постојано подобрувани нивните конструктивни и летачки особини. Конструкцијата £ овозможувала да полетува со помош на гумени јажиња, вообичаена практика меѓу Првата и Втората светска војна, но и подоцна на нашите простори.

Клучни зборови:

Лет со лизгач

Едриличари со изработена едрилица Циглинг во Скопје, по повод 3, Конгрес.

Циглинг слетува

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.