Рубрика: Металство и машинство
Карактеристики и елоксирање на алуминиум
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Многумина се обиделе да бојадисаат некое парче алуминиум со четка или со компресор, но по одреден период на изложување на сонце, влага и температурни варијации нанесениот слој почнува да се лупи. Зошто се случува ова и која е причината за неквалитетното врзување на слојот боја со алуминиумот, ќе стане јасно во овој напис. Во овој текст ќе се осврнеме на карактеристиките на алуминиумот како метал, како и на постапката за негова антикорозивна заштита – елоксирање, со посебен осврт на постапката на елоксирање во домашни услови.

Секој од нас во својата куќа, стан, компјутер или автомобил има вградено по некое парче алуминиум. Од самиот факт што наоѓа примена во најразлични области од човековото живеење, може да се заклучи дека станува збор за метал кој има мошне широк спектар на корисни карактеристики. Без сомневање, секој од нас може да го препознае и да го издвои алуминиумот од другите метали кога тој е вграден во некој уред. Една од најкарактеристичните особини по која луѓето го препознаваат алуми-ниумот е неговата мала тежина и светлата сребрена боја која ја поседува. Овие две особини се едни од најдобро познатите карактеристики на алуминиумот, но се разбира, не се и единствени. Затоа во овој текст ќе се обидеме да го доближиме овој метал одблиску, разоткривајќи неколку погрешни гледишта кои кружат во врска со овој метал, а потоа ќе ја презентираме постапката за негова антикорозивна заштита - елоксирање, со посебен осврт на нејзината изведба во домашни услови.

Клучни зборови:

Алуминиумски приврзоци елоксирани во различни бои

Изглед на површинскиот оксиден слој

Процес на елоксирање во домашни услови

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина