Рубрика: Електроника
Едноставен инфрацрвен аларм
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој едноставен уред работи во подрачјето на инфрацрвена светлина која е невидлива за човековото око. Кога ќе се постави на влезна врата, премин или коридор може да послужи како аларм за заштита на простор од несакано влегување.

Во електромагнетниот спектар на зрачење, подрачјето на инфрацрвена светлина го зафаќа опсегот на бранови должини од 0,7µm до 100µm. Тоа е подрачјето помеѓу видливата светлина и микробрановото зрачење. И покрај тоа што е невидлива, дел од спектарот на инфрацрвената светлина со поголеми бранови должини може да се почувствува како топлинско зрачење. Но, затоа инфрацрвената светлина со мала бранова должина не може да се почувствува со ниедно човечко сетило и затоа е погодна за примена во системите за надзор и заштита. За изработка на алармен уред кој работи во подрачјето на инфрацрвена светлина потребни се два склопа, предавател и приемник. Принципот на работа е практично идентичен со оној во радиодифузната мрежа, воспоставување еднонасочна комуникација помеѓу предавателот и приемникот. Предавателот генерира сноп насочена инфрацрвена светина која приемникот ја регистрира. Ако овој сноп од која било причина се прекине, приемникот се активира, односно алармот се огласува. Разлика, сепак, постои, за да може да се оствари комуникацијата помеѓу предавателот и приемникот неопходна е оптичка видливост помеѓу овие два склопа.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1003
Печатена плочка: ППК1004
ИК: ICM7556, SFH506;
IR LED: LD274;
транзистори: BC639, BD140;
релеј 5Vdc
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.