Рубрика: Информатика
Фузијата на Компиз - кутија полна со ефекти и трикови
Автор: Александар Лазаров
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денешните оперативни системи со цел за полесно и поинтересно користење на истите вметнуваат секаков вид на ефекти во графичкиот дел на оперативниот систем. Компиз (Compiz) прозорскиот менаџер за ГНУ/Линукс оперативниот систем со сигурност може да се каже дека ја остави конкуренција на почетокот на стартната линија во ова поле.

Компиз е еден од првите композитирачки графички менаџери на прозори (Compositing Window Manager) напишани за графичкиот X систем на ГНУ/Линукс оперативниот систем. Компиз работи така што дејствува врз графичките прозорци и ги обработува во посебен бафер и потоа ги прикажува на екранот. Во 2006, после првото издание на Компиз, беше создаден Берил (Beryl) проектот како посебна гранка на Компиз со цел на креирање на подобар менаџер на прозори. Во 2007 година, Берил проектот се соедини со Компиз проектот и настана Компиз Фјужн (Compiz Fusion), кој содржи два главни пакета, јадрото на Компиз и ефекти, додатоци (плагинови) и декоратори на прозорци заедно со алатки за нивно нагодување / конфигурирање. Во февруари 2009, разните гранки на Компиз се соединија под едно име – Kомпиз.

Коцка ефект на Компиз кој овозможува ротирање на работните површини

Флип-ефект за листање низ отворени прозорци

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.