Рубрика: Информатика
Аpple се откажа од потполна енкрипција на безбедносните копии
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 28.01.2020 - 12:45

Apple се откажа од плановите на корисниците на iPhone да им овозможи чување шифрирани сигурносни копии на податоците на апликацијата iCloud откако американското Федерално истражно биро (ФБИ) даде забелешка дека оваа услуга би ги отежнала неговите истраги.

Како што за Ројтерс изјавиле еден од вработените во ФБИ, како и еден вработените во Apple, пред две години Apple го известил Федералното биро дека планира на корисниците им понуди услуга за шифрирано чување на податоците во iCloud,. Но, според тој план, дизјаниран да го оневозможи хакирањето, Apple повеќе нема биде во можност да ги отклучи шифрираните податоци за потребите на некоја истрага, ниту ќе може да ги предаде на властите, дури и ако за тоа постои судска наредба. Набрзо по објавата на планот, претставниците на ФБИ во приватни разговори со Apple изразиле противење.

Долгогодишниот спор на ФБИ и компанијата околу тоа дали има предност безбедноста или желбата на Apple да им обезбеди приватност на корисниците, беше одново актуелизирана минатата недела, кога американското јавно обвинитлство побара од компанијата Apple да отклучи два iPhone уреди коишто му припаѓале на официрот од саудиските воздухопловни сили којшто во декември минатата година убил три американски војници во воената база Пенсакола на Флорида.

Во целиот случај се вмешал и американскиот претседател Доналд Трамп обвинувајќи ја компанијата Apple дека одбива да отклучи мобилни телефони на “убиjци, дилери и други насилни криминални елементи“. Сепак, Apple ги предал на властите податоците што напаѓачот ги имал на iCloud, и со  тоа го отфрлил тврдењето дека “не дал важна поддршка“ во истрагата.

Поранешниот вработен на Apple за Ројтерс не ги открил причините за откажувањето од планот за шифрирање на податоците на iCloud, ниту пак потврдил дека компанијата ги откажала под притисок на ФБИ. Но сепак прокоментирал дека компанијата веројантно  не сака да ризикува стане цел на напад на нивните компромитирани клиенти, а истовремено и да ја обвинуваат дека штити криминалци.

Одлучиле повеќе да не се судат” – коментирал еден извор споменувајќи го судскиот спор од 2016 година кога ФБИ побарале пристап до податоците од iPhone уредот што припаѓал на еден од осомничените за пукањето во толпа во Сан Бернардино, Калифорнија. Apple тогаш ја обжалил судската наредба од ФБИ за дешифрирање на iPhone-от, но владата се откажала од понатамошен судски процес бидејќи во тоа време нашла експерт којшто успеал да ја пробие шифрата.

Во декември минатата година американските сенатори, и републиканските и демократските, се заканиле дека ќе усвојат закони против потполна (end-to-end) енкрипција.

Клучни зборови: