Рубрика: Електроника
Брз полнач на AA NiMH и NiCd батерии преку USB порта
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој проект е претставен брз и квалитетен полнач на AA NiMH и NiCd акумулаторски ќелии (батерии), кој се приклучува на УСБ-порта од вашиот лаптоп или персонален компјутер. ќелиите со капацитет од 2500mAh ги полни "до врв" за само 5,5 часа, а тие со помал капацитет уште побргу. При полнењето нема да ги оштети, бидејќи располага со електронско коло за термичко прекинување на полнењето.

Полначот прикажан на слика 1 и опишан во овој проект може да полни пар AA ќелии од NiMH или NiCd тип, користејќи го напојувањето од УСБ-портата на вашиот лаптоп. Секоја УСБ-порта на својот излез испорачува напон од 5VDC и струја до 500ma. УСБ стандардите имаат специфицирано уредите кои се приклучуваат на УСБ-приклучокот да не трошат струја поголема од 100ma, иако максималната струја на овој приклучок е со вредност до 500ma. Ова, го прави УСБ-приклучокот соодветен како извор за напојување на уреди во кој спаѓа и овој полнач.
Постојат и комерцијални полначи, кои исто така се приклучуваат на УСБ-портата на компјутерот, но секој од нив има по некој недостаток:
- Има неколку модели наменети за полнење на една AA NiMH ќелија со капацитет до 1300mAh и се наменети за директно приклучување на УСБ-портата. За жал, капацитетот на ќелијата е многу мал (повеќето NiMH AA ќелии во употреба се со капацитет поголем од 2000mAh).
- Постојат полначи за полнење на две ќелии напојувани преку УСБ, кои на пазарот можат да се најдат под различни имиња, но тие работат со мала струја на полнење до 100mA. Овој тип на полначи се т.н. "ноќни полначи". Со 100mA струја на полнење, за да се наполни батерија со капацитет од 2500mAh ќе бидат потребни околу 40 часа.
- На пазарот има и полначи за полнење одеднаш на две или четири батерии кои можат да се напојуваат на УСБ-портата, но се со големина како класничните "ѕидни" полначи кои директно се приклучуваат на напонот од градската мрежа од 230V. Во некои продавници можете да најдете и други типови на полначи, но за полнење на батерии со нив со капацитет од 2500mah ќе ви бидат потребни од 10 до 12 часа.
- Секако, има модели на УСБ-полначи кои две батерии со капацитет од 2000mAh ги полнат за 5 часа, но прашање е дали ќе најдете таков во нашите продавници.
Полначот претставен во овој проект е дизајниран за полнење одеднаш на две NiMH или две NiCd ќелии од AA тип со кој било капацитет до 2700mAh, и со струја на полнење од 470mA. Овој полнач две AA NiCD батерии со капацитет од 700mAh ги полни за 1,5 часа, а две AA NiMH батерии од 2500mAh ќе ги наполни за околу 5,5 часа. За батерии со друг капацитет, времето на полнење е дадено во табела 1.
Исто така, полначот од овој проект располага со автоматско коло за прекин на полнењето, кое е базирано на температурата на ќелиите што се полнат. Ова коло овозможува по завршување на полнењето батериите да можат да останат подолго време во куќиштето од полначот без никаква опасност од преполнување.

Технички карактеристики:

Димензии: 102x32x30 mm
Ќелии: две AA NiMh или NiCd батерии
Струја на полнење: 470 mA
Време на полнење: od 1,5 часа за 700mAh NiCd батерии до 6 часа за 2700mAh NiMH батерии
Метод на прекинување на полнењето: темепература на батериите (33°C)
Струја на одржување/дополнување: 10 mA
Извор за напојување: УСБ-порта на десктоп, лаптоп или хаб
Работни услови: од 15°C до 25°C

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1001

ИК: LM393;
транзистор: BD242C;
NTC термистор 10k/25°C

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.