Рубрика: Омнибус
Microsoft Форум за иновативни наставници за првпат во Македонија
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На 10 декември во хотелот "Александар Палас" се одржа првиот "Microsoft Форум на иновативни наставници" во Македонија. Форумот го организираа Проектот на УСАИД за основно образование и глобалната програма на Мајкрософт "Партнери во учењето". Со него на наставниците од основните и средните училишта од Македонија им беше дадена можност да ги презентираат своите образовни проекти изработени со помош на иновативна примена на технологијата. Целта е подобрување на образовниот процес и зголемување на неговата ефикасност преку примена на технолошките алатки на едноставен и разбирлив начин за учениците.

"Партнери во учењето" е глобална иницијатива создадена за активно зголемување на пристапот до технологијата и подобрување на нејзината примена во учењето. Таа се фокусира на три главни области што имаат најголем потенцијал за оспособување на учениците и наставниците и за трансформација на образованитето:
- "Иновативни наставници" чија цел е да ги поврзуве и оспособи наставниците ширум светот преку "мрежата на иновативни наставници" за примена на технологијата при нивната работа и притоа им овозможува преку националните и регионалните портали да соработуваат и да учат едни од други;
- "Иновативни ученици" има за цел да им обезбеди на учениците пристап до програмите и наставниот план помагајќи им целосно да ја интегрираат технологијата во образовниот процес;
- "Иновативни училишта" им помага на училиштата во целиот свет да ги премостат границите на училницата и традиционалните образовни модели, споделувајќи искуства и цели, подготвувајќи ги децата за успех во глобалната економија што постојано се развива и менува.
Програмата "партнери во учењето" мајкрософт ја започна во 2003 година, оттогаш програмата ги има допрено животите на повеќе од 90 милиони ученици, наставници и креатори на образовни политики во 111 земји.
На претходно објавениот конкурс земаа учество наставниците од основните и средните училишта во македонија кои конкурираа со проект во рамките на кој успеале на иновативен и современ начин да ја инкорпорираат едукативната пракса и вештина на 21. Век во средината каде учат и работат учениците. На манифестацијата во "Александар Палас" беа прогласени победниците од овој конкурс. Наградите беа поделени во три категории:
Во категоријата "Иновации во соработката помеѓу наставниците и учениците во и надвор од училиштето" првото место му припадна на СЕОУ "гостивар" од гостивар, за проектот макнед. Носители на проетот беа аница петкоска, маја смилеска, дарко петкоски сите од Гостивар, Македонија, и Jeroen Clemens, Margo Adriansens, Douwe Dijksterhuis, Christian Hartse сите од Алмир, Холандија. Второто место им припадна на ОУ "Св. Кирил и Методиј" од општина Центар, Скопје за проектот "Училишниот двор, училишно царство" каде носители на проектот беа Делева Гордана, Милка Симоска, Марија Варадинска, Жанета Шумкоска, Бојана Бачоска и Марина Василева. Третото место му припадна на ОУ "Илинден" од Крива Паланка за проектот "Убавините на мојот роден крај" чиј носител беше Добри Јовевски.
Во категоријата "Иновации во содржината на проектот" првата наградата им припадна на ОУ "Кирил и Методиј" од Тетово, за проектот "Различни јазици, култура, националност не се пречка за добра комуникација" под водство на сатки исмаили. Втора награда им припадна на ОУ "Христијан Тодоровски Карпош" од Скопје за проектот "Сличности и разлики меѓу физичко географските и биолошките карактеристики на Охридско Езеро и Јадранско Море" чии носители беа м-р Билјана Гичевска, Антоанета Петровска, Олгица Бајалџиева, Владанка Димитрова-Урошева, Витомир Лазороски, Илчо Симовски, а третата награда на ОУ "Св. Климент Охридски" од Битола за проектот "global passport" чии носители беа Виолета Поповска и Марија Дранговска
Во категоријата "Креативност и иновативност во употреба на технологијата" првото место им припадна на ОУ "Блаже Конески" од Велес за проектот "Образовен портал", а чиј носител беше проф. Маја Ржарова. Второто место го земаа ОУ "Ѓорѓија Пулевски" од општина Аеродром, Скопје со проетот "лековити растенија" чиј носител беше Марија Биковска, а третото му припадна на ОУ "Живко Брајковски" од општина Бутел, Скопје, за проектот "Доцна е за undo" чии носители беа Анита Димишковска и Николина Ѓорчевска.
Покрај предвидените награди што ги овозможија организаторите, првопласираните од сите 3 категории на овој конкурс ќе ја претставуваат Република Македонија на Microsoft европскиот иновативен образовен форум кој ќе се одржи во Берлин во март 2010 година, каде финанскиските трошоци ќе им бидат покриени од страна на Мајкрософт. Победниците од европскиот форум потоа ќе се натпреваруваат на светскиот форум.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.