Рубрика: Омнибус
Мајкрософт ја намалува невработеноста во Македонија!
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 21.05.2014 - 17:44

Во време на економска нестабилност и турбулентни пазари кои секојдневно се менуваат, вистински предизвик е да се пронајде начин за намалување на невработеноста и да се стимулира претприемачкиот дух. Ретки се оние компании коишто покрај грижата за сопствениот опстанок и економската одржливост во такви времиња, помислуваат и на својата општествена одговорност и посветуваат труд, време и ресурси на тоа да им понудат помош и поддршка на невработените за да бидат што поконкурентени на пазарот на трудот и што побрзо да дојдат до посакуваното работно место.
Но, Мајкрософт Македонија е една од таквите ретки компании кои помагаат за намалување невработеноста во нашата земја! Предноста на Мајкрософт не се состои во директните вработувања во локалната канцеларија во Скопје, туку во уникатната позиција која му овозможува на Мајкрософт, преку својата технологија, знаењето и другите ресурси, да помогне во трансформацијата на образованието, да се поттикне иновативноста, да се зголеми вработеноста и да се промовира претприемништвото во оваа земја!
Земјите од целиот свет, меѓу кои и Македонија, вложуваат големи напори за да создадат модерна работна сила којашто поседува вештини потребни за економски просперитет, додека истовремено расте јазот меѓу вештините што ги имаат невработените и вештините коишто се потребни во индустријата денес и во иднина. Според информациите од Бирото за вработување, денес невработеноста во Македонија изнесува 29%, но кога се однесува на младите, оваа бројка достигнува повеќе од 40%.
Токму затоа Мајкрософт фокусот го става на младите и невработените. Преку заложбите да се обезбедат програми кои ќе помогнат да се оспособат младите луѓе, пристап до технологија и подобро образование, Мајкрософт се надева дека ќе ги инспирира младите луѓе да се справуваат со предизвиците на кои наидуваат во своите животи, и на тој начин ќе ги реализираат своите потенцијали. Имено, компанијата е страсно посветена на тоа да им помогне на младите луѓе да ја најдат работата што ја сакаат или да започнат свој бизнис!
Во оваа насока, најнова од нив е програмата YouthSpark, чија цел е да креира нови можности за вработување на 300 милиони млади луѓе ширум светот, во текот на следните три години, а која во Македонија денес беше презентирана на настанот што се одржа денес во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза, во оганизација на локалната канцеларија на Мајкрософт и Центарот за иновации I2B, во присуство на министерот за информатичко општество и администрација, г. Иво Ивановски и министерот за економија г. Ваљон Сарачини.
“Адресирањето на овие предизвици е од клучна важност за иднината на младите луѓе од сите земји и региони, вклучително и Република Македонија. Microsoft YouthSpark е глобална иницијатива создадена за да креира можности за стотици милиони млади луѓе во светот. Преку партнерства со владите, невладините организации и бизнисите, ние имаме за цел да ги поттикнеме и да ги охрабриме младите луѓе да ги осмислат и целосно да ги реализираат своите потенцијали обезбедувајќи им пристап кон можности за образование, вработување, претприемништво итн., изјави Стефан Плавјански, генерален директор на Микрософт Македонија. "Со програмите кои се фокусирани кон младите луѓе, овозможувајќи пристап кон најновите технологи, знаења и вештини, Мајкрософт им помага на младите да се образуваат, да најдат работа или да започнат свој бизнис. Со еден збор – Мајкрософт им помага да направат вистински чекор за подобро утре".
Тој додаде дека во вкупно 42 земји во светот постои Microsoft иновативен центар, притоа изразувајќи надеж дека со помош на македонската Влада и институциите на системот ќе се отвори ист таков и во Македонија, во рамките на кој ќе функционираат највисоките технологии со кои ќе се развиваат иновативни бизнис модели.
Microsoft YouthSpark програмите беа презентирани од страна на менаџерот на академските програми на Microsoft Македонија и Косово, Влора Адеми.
“Microsoft, преку YouthSpark Hub нуди голем број програми кои на разни начини можат да им помогнат на младите, во зависност од нивните афинитети и она каде самите тие се гледаат во иднина. Такви се: Job Start 101 каде што на едно место можат да се пронајдат вештините што ги бараат најголем број од работодавачите во светот, како и совети во форма на видеа проследени со коментари и прашања, потоа Channel, 9 што е всушност комјунити сајт на Microsoft, каде што можат да се најдат многу корисни совети, подкасти, интервјуа и слично. Исто така, програмата BizSpark којашто овозможува остварување на бизнис идеја во start up со помош на Мајкрософт технологии и платформи, Skillage, а на самиот сајт можат да се најдат врски до сите програми кои иако се разликуваат една од друга, сепак едно им е заедничко – сите се креирани за да им помогнат на младите полесно да се стекнат со вештини и да успеат во овој денешен динамичен свет - рече Влора Адеми