Рубрика: Телекомуникации
DVB-T приемник на ONE
Автор: Костадин Солаков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Освен новоста за конечно започнување со работа на првата дигитална терестријална платформа (ДВБ-Т) во Македонија, читателите во овој број на Емитер имаат можност поблиску да се запознаат со приемениот уред на ONE за BoomTV, со неговите карактеристики, како и со содржините што ги нуди оваа платформа и што ги планира за блиска иднина.

По малку бев и изненаден кога на телефон ми се јавија од one (за тие што можеби уште не се запознати one е групацијата на словенечки телеком која ги обедини космофон, оннет и германос) и понудија да дадат на привремено користење нивен сет-топ бокс за boomtv, како би можеле да го истестираме и во емитер да напишеме наше мислење за него и воопшто за новиот сервис што го воведоа, а тоа е дигиталната терестријална телевизија (ДВБ-Т). Кога ќе ми се врати филмот од пред неполна година кога еден кабелски оператор не сакаше да испрати ни фотографија од нивниот дигитален сет-топ бокс (демек тоа било некаква деловна тајна, иако тој ист уред веќе го нудеа на корисниците), тогаш, или во меѓувреме рејтингот на емитер ептен скокнал, па почнало многу повеќе да се цени нашето стручно мислење, или на овие простори конечно се појавија компании, кои знаат како треба да се промовира нов производ. Најверојатно се и двете работи, па затоа останува уште на почеток да се нагласи дека нè радува фактот што луѓето од ONE се решени максимално професионално и транспарентно да си ја бркаат својата работа, што е за секоја пофалба и засега, со чест на исклучоци, кај нас е навистина реткост.

Технички карактеристики:

<b>ТВ и радиопрограми на BoomTV</b>
Македонски: МТВ1, МТВ2, МТВ3 (собраниски канал), Сител, Канал 5, Телма, Алсат-М, Канал 5+, Сител 3, Алфа, Наша ТВ, Ера.;
Балкански: HTV1, РТС, B92, Pinkplus, Pink music.
Спортски: Eurosport, Eurosport2, Extreme Sports.
Филмски: Foxlife*, Foxcrime*, AXN*, TV1000.
Документарни: Discovery*, National Geographic*, Animal Planet*, Travel&Living*, Da Vinci Learning*.
Детски: Cartoon Network, Boomerang, Kids co.
Забавно-музички: e!Entertainment*, MTV Adria*, VH1.
Вести: CNN, BBC world.
За возрасни: Dorcel, Hustler, Private Spice.
Радио: МР1, МР2, Aнтена 5, Kанал 77, Mетрополис.

* одредени емисии на овие тв програми се со превод/субтитл на македонски јазик

 

Комплет опрема што доаѓа во пакетот на Boom TV

Сосема солиден прием и со импровизирана антена

Изгледот на ТВ-водичот на Boom TV

Задниот дел од приемникот каде се наоѓаат приклучоците за струја, антена, Етхернет и 2 скарт приклучоци

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.