Емитер 1/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
За квалитетот на разните типови електрични алати кои излегуваат од погоните на компанијата Макита многу пати сме зборувале. Тоа воопшто и не чудно, бидејќи се работи за реномиран производител кој одамна се наоѓа на врвот на листата на водечки компании од оваа област. Во оваа прилика ќе ви претставам уште еден алат од многуте кои се дел од понудата, а тоа е ударниот чекан Makita BHR261. Се работи за алат кој со своите перформанси е особено атрактивен за професионалците.
Новиот ударен чекан Makita 36V BHR261 LXT претставува првиот производ од ваков тип – се работи за алат кој користи литиум-јонска батерија, нешто што досега компанијата го немаше користено кај ударните чекани. Практично се работи за три-функционален алат кој ги има следниве можности: ротација, ротација и удар и само удар, значи има повеќе намени. Но да одиме по ред.
Инжењерите на Makita во овој алат вградиле мотор со променлива брзина со распон 0 – 1200 вртежи во минута, а можноста за удари изнесува 0 – 4800 удари во минута со што е овозможено два пати побрзо дупчење.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.