Рубрика: Информатика
Како функционира вештачката интелигенција ?
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Вештачката интелигенција, или поточно Системите на вештачка интелегенција, па што и да подразбираме под тоа, стана секојдневие. Секојдневие без кое сегашноста не може да се замисли. Алатка која милиони луѓе секојдневно ја користат. Алатка за која веруваме дека е иднината на човештвото. Алатка за која сакаме да мислиме дека ќе го подобри животот на човештвото, која ќе пронајде нови лекови во медицината, ќе пронајде нови теории во физиката, која ќе донесе нова технолошка револуција, алатка која ќе го смени начинот на живеење во правец кој не може ниту да го замислиме. Секојдневно слушаме за нови подобрувања на постоечките модели и прогнозите за времето кога вештачката интелегенција ќе го надмине човекот. Но, како функционира, како размислува, како учи, како се подобрува и развива вештачката интелегенција? Тоа се дел од прашањата коишто се тема на овој напис.

Идејата за создавање на вештачка невронска мрежа по углед на биолош­ките неврони во човечкиот мозок е една од најзначајните идеи во развој на веш­тачката интелегенција.

Ако биолошкиот неврон е клетка, вештачкиот неврон е електронско коло кое во процесорот извршува различни математички операции, односно извр­шу­­ва одредена математичка функција.

Вештачките неврони се инспирирани од биологијата и се обидуваат да го реплицираат начинот на којшто функ­ци­онира биолошкиот мозок.

Вештачка невронска мрежа

Сега, со разложување на посебните функции и земаќи ја предвид целос­ната функционалност на биолошкиот неврон, направено е негово преслику­вање во вештачкиот неврон, односно формули­ра­ње на вештачкиот неврон на начин што компјутерот ќе може да го разбере. Практично тоа значи дека било кој вид на информација треба да се изрази со доделување на некаков вид нумеричка вредност што понатаму тре­ба да се об­ра­ботува по пример на рабо­тата на био­лош­киот неврон.

Клучни зборови:
Вештачка невронска мрежа

Вештачка невронска мрежа

Процес на длабоко учење

Процес на длабоко учење

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.