Рубрика: Математика
Математика или логика со атомите на Џоан Колинс
Автор: Стево Темелковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Една од несомнено трајно највлијателните науки за развојот на човечките мисли, логичното размислување и воопшто погледите на светот – математиката,  во текот на десетина векови претставувала основен параметар за развојот на цивилизацијата. Развојот на човековите мисли, кој се огледува во напредокот на математиката, е сврзан со изборот на реперот и логичното заклучување. Често на обичниот смртник тешко му е да осознае каде завршува логиката, а каде почнува математиката. Прашањето се наметнува само од себе: Постои ли точна граница што ги дели овие две научни области? Прецизноста и супериорноста на математиката можеме да ја илустрираме на најразлични начини и форми, како во теоријата, така и во праксата. На пример дали некој некогаш се запрашал колку живее едно влакно коса на главата на човекот? Или колкаво треба да биде едно парченце хартија со тежина колку што тежи еден атом?

Не постои човек со мисли и знаење кој барем еднаш не размислил за извор­от на моќта и убавината што ја наоѓаме во математиката. Сметајќи со броевите и геометриските величини „кралицата на науките” до наше време и во него, ос­вои­ла непрегледни простори и станала си­ноним за верното, корисното и убавото.

Меѓутоа денес, непресушните извори на математиката ни откриваат некои нови сознанија и светови, многу поблис­ки на реалниот, којшто пак од своја страна е обременет со неговите огра­ничувања и несовршенства.

Една од несомнено трајно нај­влија­телните (да не кажам пресудни) науки за развојот на човечките мисли, логичното размислување и воопшто погледите на светот – математиката, во текот на десетина векови претставувала основен параметар за развојот на цивилизаци­јата. Мерејќи ја со аршин развиеноста на математиката, можеме со мали грешки да го процениме напредокот на човеч­кото општество во некоја средина, како во минатото, така и сега.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.