Рубрика: Математика
Математиката во ерата на ви
Автор: Анета Илиевска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во изминативе неколку години, начините на учење и перцепција на математиката доживеаја значителни трансформации. Од класично решавање задачи со молив и хартија, преку дигитални алатки и интернет-ресурси, до денешната примена на вештачката интелигенција, математиката постојано се прилагодува на технолошкиот развој.

Кога пред три децении започна да излегува списанието Емитер, мате­мати­ката се учеше на начин кој денес за многумина изгледа речиси старомодно – со молив, тетратка, збирка задачи пред себе и многу размислување и трпение. Решавањето задачи беше побавен, но длабок процес, а секоја грешка беше дел од учењето. Денес, истата задача може да биде решена за неколку секунди со помош на компјутер или апликација зас­но­вана на вештачка интелигенција.

Оваа значајна трансформација от­вора клучно прашање: дали новите тех­но­логии навистина ни помагаат подобро да ја разбереме математиката? Дали таа станува полесна или само побрзо стигнуваме до одговори и решенија, без длабинско разбирање на процесот?

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.