Почнувајќи од оваа година, 14 март во светски рамки ќе се одбележува како Ден на математиката. Одлуката токму овој ден во годината да се прославува како Меѓународен ден на математиката беше донесена лани, во ноември, на 205 сесија на Извршниот совет на УНЕСКО.
Како што наведува Меѓународниот математички сојуз (International Mathematical Union) планирано е секоја година Денот да се одбележува со анимирање на студентите и јавноста преку организирање на активности и на настани во школите, музеите, библиотеките, како и во другите јавни простори, во сите земји во светот.
Славењето на значењето на математиката и популаризацијата на оваа наука, оваа година е се фокусира на следниве теми:
– Математиката е насекаде;
– Математиката помага во планирањето и управувањето на економските и социјалните системи овозможувајќи им премин кон одржливо користење на ресурсите;
– Патуваме ширум светот водени од прецизните математички пресметки коишто се засноваат на позицијата на Сонцето, ѕвездите и GPS сателитите.
– Ја истражуваме внатрепноста на човековото тело со помош на компјутерска томографија и магнетна резонанца, создавајќи слики од добиените нумерички податоци употребувајќи математички алгоритми.
– Откриваме како работи човековата мисла со изработување на софтвер со ВИ којшто може да учи и да донесува одлуки служејќи се со математички модели.
– Направивме фотографија од црна дупка и продолжуваме да ги истражуваме пространствата на универзумот со помош на математиката.
Денот на математиката е поддржан од следните интернационални и регионални организации:
• Меѓународниот совет за индустриска и применета математика (The International Council of Industrial and Applied Mathematics – ICIAM),
• Комитетот на жени во математиката на ММС (The Committee for Women in Mathematics of IMU – CWM);
• Меѓународната комисија за математички инструкции (The International Commission of Mathematical Instruction – ICMI),
• Африканскиот математички сојуз (The African Mathematical Union – AMU),
• Европскипот математички сојуз (The European Mathematical Society – EMS),
• Математичкиот сојуз на Америките (The Mathematical Council of the Americas – MCA)
• Математичкиот сојуз на Латинска Америка и Карибите (The Unión Matemática de América Latina y el Caribe – UMALCA),
• Јужноазиското математичко друштво (The Southeast Asian Mathematical Society – SEAMS)
• Јужноафриканската асоцијација на математички науку (The Southern Africa Mathematical Sciences Association – SAMSA)
• Меѓународниот центар за теоретска физика (The International Centre for Theoretical Physics – ICTP)
• Меѓународниот центар за чиста и применета математика (The Centre international de mathématiques pures et appliquées – CIMPA)
• Организацијата на жени во науката за земјите во развој (The Organization for Women in Science for the Developing World – OWSD)
• Африканската асоцијација на жени во математиката (The African Women in Mathematics Association – AWMA)
• Комисијата на африканскиот математички сојуз на африкански жени во математиката (The African Mathematical Union Commission of African Women in Mathematics – AMU-CAWM)
• Европските жени во математиката (The European Women in Mathematics – EWM)
• Меѓународниот научен совет (International Science Council – ISC)
Повеќе информации за настаните и денот може да најдете тука и тука