Емитер 208 - 12/2025.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Последниве години сведоци сме на своевиден камбек на аналогниот звук – популарноста на грамофоните и грамофонските плочи перманентно расте и сѐ повеќе млади и нови аудиофили за првпат купуваат LP-а почнуваат да користат грамофон. За сите нив од непроценлива корист би било да научат како правилно треба да се ракува со ова “олд скул”парче од аудиотехниката и како правилно се негуваат грамофонот и грамофонските плочи. Во таа насока е и овој текст.
Текстот претставува детален водич за правилна нега на грамофоните и винилните плочи, со акцент на значењето на редовното одржување за зачувување на квалитетот на звукот и долговечноста на аудио-опремата. Грамофонот е најчувствителниот дел од аудиосистемот, поради што бара постојана грижа, заштита од прашина и внимателно ракување со сите негови компоненти, а ова особено важи за погонскиот ремен и иглата на звучницата, кои се најизложени на абење и нечистотии.
Во текстот се анализираат и најчестите проблеми што се јавуваат кај грамофоните, како што се шум, брум, нестабилна стерео слика, агресивни високи тонови или недефиниран бас. За секој проблем се наведуваат можни причини и практични решенија: правилно подесување на притисокот на иглата, антисекејтинг-компензацијата, вертикалниот агол на следење, проверка на заземјувањето и позиционирањето на грамофонот во просторот. Авторот посочува дека дури и температурата и влажноста во просторијата можат значително да влијаат врз звучната репродукција.
.jpg)

Чистотата на плочите е подеднакво важна како и чистотата на иглата, бидејќи и најмалите честички прашина можат да предизвикаат оштетувања на браздите и деградација на звукот. Пред секое пуштање, плочите мора да се исчистат, дури и кога изгледаат беспрекорно чисти, а по слушањето задолжително да се вратат во своите заштитни омоти. Имено, иглата се движи низ браздите со огромни забрзувања и температура, поради што секое зрнце прашина претставува потенцијален извор на микроскопски оштетувања. Текстот опишува неколку методи за чистење на плочите: суво чистење со јаглеродни четки, користење специјални вакуумски уреди за длабинско чистење и влажни методи со специјални раствори. Исто така особено внимание е посветено на антистатичката заштита како и правилното складирање на плочите.
Целиот текст ја нагласува филозофијата дека добриот аналоген звук не зависи само од квалитетот на опремата, туку и од дисциплината, трпението и посветеноста на аудиофилот кон правилната грижа за грамофонот и за винилните плочи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.