Рубрика: Аеронаутика
Повеќенаменски борбен авион Су-30
Автор: Ивица Дамески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Авионот Су-30 е првиот повеќенаменски борбен авион од фамилијата Су-27. Наменет е за изведување на ловечки мисии и прецизни борбени дејства со современи оружја на мали и големи далечини. Вградената современа електронска опрема и палетата на современи оружја му овозможуваат изведување на различни борбени мисии во сите временски услови, преку ден и ноќ, а хибридната конструкција и моќните издржливи мотори со управливи млазници му овозможуваат  суперманеврабилност како што се маневрите ,,кобра” и ,,ѕвоно”.

Во 1986 година на барање на ВВ ПВО на тогашниот СССР, врз основата на двоседиот школско-борбен авион Су-27УБ, е започнат  развојот на Су-30, со цел создавање на чиста борбена верзија која би се користела како пресретнувач со голем дострел, но и како команден авион за едноседите ловци Су-27. Сепак новите светски трендови во борбената авиација во овој период од практични причини тежнееја кон создавање на по­веќенемански борбени авиони, што даде подтик за развивање на повеќена­менска борбена верзија на Су-30, а со цел за­доволување на севкупните барања за потребите на ВВ на СССР. Благода­рение на понатамошниот развој, изведен преку редизајнирање на конструкцијата, осо­временување на авиониката и зголе­му­вање на палетата со борбени средс­тва, е создаден повеќенаменски борбен ави­он со голем дострел Су-30, кој доби­ва способност за изведување на пре­циз­ни борбени дејства како и неговиот запа­ден ривал F-15E. Развиената пове­ќе­на­мен­ска борбена верзија поради из­ве­дената модернизација ја добива ознака­та Су-30М, а извозната верзија е означе­на како Су-30МК. Првиот прототип на Су-30 прв лет изведува на 31 декем­ври 1986 година, а верзијата Су-30М првиот лет го изведува на 14 март 1992 година. Се­риското производство на Су-30М за­почнува во 1996 година, но пора­ди рас­падот на СССР и големата еко­номска криза, производството и набав­ката на  Су-30М е значително успорена. Во текот на 90-тите години, развиена е и ед­но­седна борбена верзија (прототип), која ја добива ознаката Су-30КИ. Со вове­ду­вањето во употреба на авионот Су-30М, започнато е постепено замену­вање на постарите модели на ловците Су-27 и МиГ-31.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.